Освојувачот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Учен човек кој тврди дека создал царство поголемо од она на Александар или на Цезар.
Воин кој со силата и мудроста покорил една петтина од светот. Од мудар учен човек до еден од најмоќните воини, Освојувачот ја носи приказната за Кублај-кан – исклучителен човек чие место во историјата е до великаните како Александар Велики, Јулиј Цезар и Наполеон Бонапарта.
Огромното наследство што го оставил Џингис-кан полека ја губи потпората додека се соочува со закана од древниот непријател, Кина. Иако неговата генерација одамна го презела престолот, не успеала да излезе од сенката на Великиот кан....
Кубла -кан сонува за царството што ке се простира преку целиот континент. Но, за да го создаде, прво мора да ја усоврши вештината на војувањето и да ги одведе борците до границите на познатиот свет. А, по суровите битки со немилосрдните непријатели, истоштен и ранет. Кублај-кан ќе мора да се соочи со конечниот предизик што го чека во сопствената земја – кој брат ќе успее да издвојува победа во крвавата граѓанска војна?? 



Сподели на Facebook