Црвениот волк

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Аника Бенгтсон, новинар на Ивнинг Пост, сака да пишува приказна, односно да почне да копа подлабоко во случајот од 1969 година кога е извршен нападот на воздухопловната база на Ф21 во Лулео. Бидејќи се ближи годишнината од тој напад, поточно триесет годишнината и бидејќи за тој напад најмалку се пишувало, таа сака да открие што всушност се случило тогаш и да напише приказна за тоа.
Официјалната верзија е: Вечерта на 17 ноември 1969 ггодина експлодирал борбен авион „Дрејкен“ среде воздухопловната база кај Ф21 во Кејлекс Хит надвор од Лулео. Загинува еден војник чие семејство е замолчано. Но неколку години подоцна токму неговото семејство ги открива валканиците затоа што не добиле никаков надоместок од воздухопловството.
Главниот уредник на Ивнинг Пост, Андерс Шиман не е многу воодушевен од барањето на Аника да истражува и да пишува за тој случај, но бидејќи токму таа е заслужна за порастот на продажбата на весникот и дозволува да истражува и да ја објави приказната.
Минатиот Божиќ Аника била заложник на сериски убиец во еден тунел и ја поминува ноќта со него, Бомбашот, пред да биде спасена. И кој друг, ако не таа, ја има главната приказна.
По три месеци „стручно усовршување“ таа се враќа на работа и настојува да работи како независен истражувачки известувач, насочувајќи се кон тероризмот, неговата историја и последиците.
Аника треба да се сретне со новинарот  на Норланд Њуз, Бени Екланд, кој открил некои нови информации, но кој загинува во сообраќајна несреќа ден пред нивната средба. Не сака да си замине и да соопшти во весникот дека патувањето било залудно па решава да истражува малку повеќе околу смртта на Бени бидејќи нешто ја тера да не верува во тоа дека смртта е несреќен случај. Не ѝ се допаѓаат случајности. Но на што ќе наиде? Дали воопшто вреди да се пишува за нападот на Ф21?
Случајно го запознава Лајнус, детето кое е сведок на убиството на новинарот .Но тоа исто така е убиено веќе наредниот ден. Значи Аника во едно нешто е сигурна: Лајнус го видел убиецот на Бени. Сега прашањето е како да го поврзе третото убиство, овојпат во Упсала. Сите три жртви немаат ништо заедничко, но сепак семејствата добиваат по едно чудно и вознемирувачко писмо.
Дали Рагнвалд се врќа во Стокхолм?! Меѓутоа со него самите вие ќе се запознаете и подетално ќе прочитате, бидејќи навистина книгава ме заинтригира уште од самиот почеток – се разбира доколку сте љубители на трилери од овој вид.



Сподели на Facebook