Московска сага

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Читајќи ја книгава, ќе се запрашате како за толку кратко време низ рацете ви поминале сите страници на кои е напишана оваа интересна приказна?
Ова е книга преку која ќе добиете јасна слика за изгледот на Москва и на сѐ она кое се случува таму, за сите измами и поткупи. И да не заборавам една важна работа, преку овој роман ќе го дознаете и второто значење на зборот кокиче.
За сите нас тоа е само растение кое со својот цвет е предвесник на пролетта, но во Москва со тој збор се означува и московскиот сленг, т.е. мртово тело на човек кое лежело затрупано или скриено под зимските снегови и се појавува со нивното топење.
Приказната започнува со исповедта на Никола Плат, адвокат од Лондон кој работи во Москва. Тој својата приказна најверојатно ѝ ја раскажува на својата свршеница, но ја пишува на парче хартија за полесно да може да се соочи со неа.
Еден ден сосема случајно, барем Ник верувал дека е така, во подземната станица ги запознава Маша и Катја, двете сестри, всушност братучетки, кои тој ги спасува од наводна кражба. Од тој миг тој започнува да се дружи со нив, но и да се вљубува во заводливата Маша. Ник се запознава и со Татјана Владимировна, жената за која верува дека е тетка на двете сестри. Но подоцна открива дека всушност тие не се роднини, а Маша и Катја со неа се запознале во подземната станица, на истото место каде започна и целиот пресврт во неговиот живот.
Татјана сака да се пресели во нов стан, а за сета документација е задолжен Ник. Маша вешто ги користи своите способности и од Никола добива сѐ што ќе посака. Неговиот сосед е загрижен за својот пријател кој изненадно изчезнува, а кога Ник се обидува да дознае нешто повеќе за тоа, добива предупредување дека колку помалу знае за таа работа толку подолго ќе живее.
Кои се всушност Маша и Катја, кој е Козакот, кој е Степан Михаилович? Читајќи најпрво добивате чувство дека се работи за една сосема површна приказна за секојдневниот живот на Ник, но колку повеќе навлегувате во приказната толку повеќе ја сфаќате суштината и тежината на ова дело. Дали љубовта може да нѐ заслепи и да нѐ направи слаби, да заборавиме на своите морални вредности и принципи?




 

Сподели на Facebook