Соло вечер на австриската пијанистка Ема Шмит во Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

На 30 ноември 2012 во историскиот јужномакедонски град Битола се одржа вечер на пијано со австриската пијанистка Ема Шмит, организирана од тамошниот Центар за култура заедно со Австриската библиотека Битола и Австриската Амбасада Скопје.
На програмата пред сè се изведоа дела на австриските композитори  Карл Счерни (Carl Czerny) (Variationen op.12 über Beethovens Sehensuchtswalzer)и Франц Шуберт (Vier Impromptus D.899), и од Енрике Гранадос (Enrique Granados) и Федерик Шопен (Frederic Chopin).
Концертот привлече публика пред сè од кругот на музичари и академици. Госпоѓа Шмит, која музицираше пред полната сала, се чувствуваше во Битола многу пријатно.  Ова таа го кажа во едно интервју за регионалната телевизија ТЕРА, која прикажа и дел од концертот. Австрискиот Амбасадор во Македонија д-р Томас Михаел Бајер (Dr. Thomas Michael Baier) и раководителката на Австриската библиотека д-р Валентина Илиева, ја истакнаа важноста на Библиотеката како посредник на австриското културно присуство во Битола.

Сподели на Facebook