Белата светлина во Париз

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Откако ги губи родителите, младата Русинка, Ксенија бега од болшевиците и од Санкт Петербург се преселува во Париз, каде што се соочува со трагедијата и осаменоста на живот во прогонство. Но Ксенија е решена да не се предаде и затоа наоѓа работа: се вработува како модел кај еден француски дизајнер кој е маѓепсан од нејзината единствена впечатлива убавина. На тој начин таа го запознава талентираниот фотограф, привлечниот Германец Макс фон Пасау и со него почнува страствена романса, а нејзиниот живот никогаш повеќе нема да биде истиот.
Сепак Ксенија не сака до крај да и се предаде на таа љубов од страв дека со неа ќе ги загуби својата слобода и независност.
Историјата  исто така прави заговор за да ги раздели љубовниците, ставајќи ги пред драматични избори.
Ќе ги преживее ли нивната љубов темнината и неизвесноста на тие немилосрдни времиња?

Сподели на Facebook