За љубителите на книгите

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Ако сте љубител на прекрасните летни приказни и решите ова лето книгите да ви бидат главен аксесоар на плажа, имаме неколку предлози за Вас кои ќе ве воодушеват.

„Цариградската пророчица“ – Мајкл Дејвид Лукас
„Цариградската пророчица“ претставува волшебен историски роман, за последните денови на Отоманското Царство.

Дејството не носи на бреговите на Црното Море, во далечната 1877 година, каде претскажувањата поврзани со штотуку родената Елеонора не ветуваат ништо добро. Мајка и умира при породувањето, царската коњица го напаѓа нејзиното село, маќеата не ја сака и таа е приморана да патува затворена во потпалубниот простор на бродот...но и покрај сите несреќни настани, Елеонора ќе израсне во искучително интелигентно и вешто девојче.
И кога трагедијата ќе ја остави вклештена во Истанбул, храброста на Елеонора и силата на нејзината волја ќе ја одведат до султанот и до нејзиното ослободување.

„Последната војвотка“ – Габриела Ким
Ова е една прекрасна историска книга, книга која ќе ве освојува малку по малку со секоја наредна прочитана страница. На тој начин нема да почувствувате кога ви поминало времето, кога сте ја завртеле и последната страница и сте стигнале до самиот крај, а притоа ќе посакате да има уште некоја страница плус за уживање. Ова е дело кое ме освои со својата содржина, дело кое ме освои со леснотијата на пишаниот збор.

„Љубов и приврзаност“ – Ерика Џемјс
Болката никогаш не може да се надмине, само научуваш да живееш со неа. Но, времето лекува сѐ. Животот никогаш не нѐ става пред искушенија што не можеме да ги надминеме и кога една врата се затвора, друга се отвора!

„Мајката на оризот“ – Рани Маника
Мајката на оризот е реткост меѓу наративните приказни. Со чудесна фантазија читателот ќе го пренесе во едно друго време, на друго место, во безмилосен свет на егзотична убавина, каде ситните животни задоволства мораат да ги надополнат незамисливите ужаси..
Мајчината љубов не признава закони, ниту граници, ниту пак се поклонува пред каков и да е господар освен пред себеси!

„Никогаш посреќна„ – Мена Ван Праг
На сите оние кои им се допадна инспиративниот роман Мажи, пари и чоколада со сигурност ќе уживаат и во оваа волшебна и интересна приказна од истата авторка. Мај веќе има сѐ што од секогаш посакувала: пари, популарност, совршено момче, нормална телесна тежина... но сепак нешто недостасува.

„Тагата на самурајот“ – Виктор Дел Албор
Ако сакате одличен љубовен роман, тогаш го наоѓате во редовите на Тагата на самурајот, ако трагате по совршен трилер, тогаш Виктор дел Арбол го напишал за вас.
Или пак, можеби претпочитате историска фикција во која ќе препознаете ликови од минатото на Каталонија?

„Освојувачот“ – Кон Игулден
Учен човек кој тврди дека создал царство поголемо од она на Александар или на Цезар.
Воин кој со силата и мудроста покорил една петтина од светот. Од мудар учен човек до еден од најмоќните воини, Освојувачот ја носи приказната за Кублај-кан – исклучителен човек чие место во историјата е до великаните како Александар Велики, Јулиј Цезар и Наполеон Бонапарта.

„Црвениот волк“ - Лиза Марклунд
Аника Бенгтсон, новинар на Ивнинг Пост, сака да пишува приказна, односно да почне да копа подлабоко во случајот од 1969 година кога е извршен нападот на воздухопловната база на Ф21 во Лулео. Бидејќи се ближи годишнината од тој напад, поточно триесет годишнината и бидејќи за тој напад најмалку се пишувало, таа сака да открие што всушност се случило тогаш и да напише приказна за тоа.

„Московска сага“ – А.Д. Милер
Читајќи ја книгава, ќе се запрашате како за толку кратко време низ рацете ви поминале сите страници на кои е напишана оваа интересна приказна?
Ова е книга преку која ќе добиете јасна слика за изгледот на Москва и на сѐ она кое се случува таму, за сите измами и поткупи.

„Белата светлина во Париз“ – Тереза Ревај
Откако ги губи родителите, младата Русинка, Ксенија бега од болшевиците и од Санкт Петербург се преселува во Париз, каде што се соочува со трагедијата и осаменоста на живот во прогонство. Но Ксенија е решена да не се предаде

„Пред да заспијам“ – Стивен Вотсон
„Додека спијам, мојот ум ќе избрише буквално сѐ што правев денес. Утре ќе се разбудам исто како што се разбудив и денес. Мислејќи дека сѐ уште сум дете. Мислејќи дека сѐ уште имам цел живот на избори пред себе...“
Спомените се она што го дефинира човекот...

„Хипнотизер“ – Лаш Кеплер
За љубителите на добар трилер оваа книга ќе претставува вистинско и огромно задоволство. Ова е книга која ќе ве остави без сон, книга која ќе ве држи во неизвесност до самиот крај и целосно ќе ве освои.

„Сопругата на сенаторот“ – Сју Милер
Секој брак крие свои тајни, па дури и оној најсовршениот! Но, некои тајни понекогаш е подобро да останат скриени. Засекогаш!

„Теодора“ – Стела Дафи

Осудена на живот на актерка и на блудници не поради ниското потекло или поради неморалното воспитување, туку поради несреќата и бедата во коишто ја фрлила татковата смрт, Теодора израснува во сурова, огорчена жена, научена не само да не ги покажува чувствата туку и да ги закопува длабоко во себе. Со доаѓањето во византиската царица дури тогаш ќе ја открие љубовта која ненадејно и ненамерно ќе ја доведе до целосна преобразба. Раскажувајќи ни за животот на Теодора од нејзиното детство. Стела Лафи не само што успева целосно да го реконструира животот на оваа необична жена и владетелка, притоа уривајќи ја претставата што најчесто ја имаме за неа, туку и ни ја доловува величенственоста на царската палата со сите политички интриги, толку вообичаени за тоа време.

„Во името на предците“ – Тес Геритсен

„Повторно ме маѓепса! Јас не сум во состојба ништо друго да правам кога ќе почнам да ја читам новата книга на Тес за авантурите на Рицоли и Ајлс. Овојпат се заглавив во бостонскиот кинески град со Џејн. Мора и со другите и не можев да ја оставам книгата. Исто како и со претходните книги. Секогаш е така. Освен тоа, одвај чекам да излезе следната книга“ – Лорејн Брако

„Љубовта ме води“ – Федерика Боско
Федерика Боско е писателка и сценарист, страсна љубителка на јога и поборник за вегетаријанска исхрана на која ги подложила и роднините и пријателите, а во меѓувреме научила и да меси леб (вели: Во денешно време е добро да се има некој занает во раце!)

„Љубовта не е за мене“ - Федерика Боско

Моника е тврдоглава, романтична и откачена триесетгодишна Италијанка, со чиј проблематичен љубовен живот читателите се запознаа уште во претходната книга на Федерика Боско, Смртно вљубена. По разочарувањето и неприликите што ги доживува, Моника продолжува со своите авантури и во овој, уште поинтересен роман.

„Мажи, пари и чоколада“ – Мена Ван Праг
Маја ги минува деновите фантазирајќи за совршен живот; живот полн со љубов, успех и задоволство. Се обидува да си ги оствари желбите во потрага по мажи и пари, а кога не успева во тоа, бара утеха во чоколадата. Меѓутоа, подоцна се чувствува само празна и загубена. Потоа наидува на мистериозен странец и тргнува на духовно патување, каде што ќе го открие тоа што цело време и недостигало...

„Три метри над небото“ – Федерика Моча
Голема приказна за љубовта, за младите, за гневните животи што се обидуваат да се одвојат од земјата, да отидат три метри над небото...

„Некој како тебе“ – Сара Десинг
Хали и Скарлет се најдобри пријателки уште откако се запознаа. Хали отсекогаш е поповлечена. Секогаш кога и е тешко се обраќа за помош на својата похрабра и поотворена другарка која често знае како да постапува. Тие двете совршено се согласуваат. Но сето тоа се менува на почетокот од новата училишна година.

„Три силни жени“ – Мари Ндиај
Наградата „Гонкурс“ е една од најпрестижните книжевни награди во Франција. Се доделува еднаш годишно за книжевно остварување на француски јазик, чијшто автор со својот стил оставил особен пеат во француската литература.

“Таинствениот пламен на кралицата Лоана” - Умберто Еко
Во романот Таинствениот пламен на кралицата Лоана, иако е илустриран во боја, владее магла. Јамбо се буди од клиничка смрт, но не може да се сети на своето име и презиме. Со самиот кошнеж да дознае по сопствената историја и така романот страница по страница станува кино, театар, стрип, графит, балада.....

“Заштитникот” – Николас Спаркс

Сега Џереми живее во едно гратче наречено Бун Крик, Северна Каролина, оженет е со Лекси, жената која ја сака, и го очекуваат раѓањето на нивната ќерка. Изгледа дека си го среди животот – се додека не се појави една вознемирувачка и мистриозна порака од минатото. Раните кои мислеше дека се залечени, повторно се отворија, и Џереми сфати дека поранешниот негово живот е поблиску отколку што мисли.
НИКОЛАС СПАРКС ГИ РАЗОТКРИВА ТАЈНИТЕ НА ЧОВЕКОВООТ СРЦЕ
„Спаркс обрнува внимание на тешкотиите и напорот кои ги вложуваат луѓето кога се прилагодуваат на заеднички живот“

“Последната песна” – Николас Спаркс
Животот на седумнаесетгодишната Вероника Рони Милер ќе се сврти наопаку кога ќе се разведат нејзините родители, а татко и ќе се пресели во Рајтсвил Бич, во Северна Каролина. По три години, таа се уште е отуѓена од родителите, особено од татко и... Се додека мајка и не реши дека за сите ќе биде добро ако таа и брат и го минат летото со татко им. Јадосана и непослушна, Рони ги отфрла обидите на татко и да се зближи со неа и се заканува дека ќе се врати во Њујорк пред да мине летото. Но, наскоро Рони ќе го запознае Вил, момчето за кое последно би помислила дека ќе ја привлече и оти ќе се вљуби во него, отворајќи го срцето за најголемата среќа – и болка – што некогаш ќе ја искуси. Следејќи ја традицијата на саканиот роман, „Незаборавна прошетка“ Николас Спаркс ни раскажува особено трогателна приказна за првото соочување на една девојка со страдањето – со љубовта.

“Одлука” – Николас Спаркс
Николас Спаркс со години ги одушевува читателите со своите исклучителни романи. Својот вонсериски талент го искажува и во новата приказна за пронајдената и изгувена љубов.
Травис Паркер има се што човек може да посака – добра работа, верни пријатели, дури и куќа на брегот во едно гратче во Северна Каролина. Целосно ужива во убавиот живот, негувајќи нејасно уверување дека сериозна врска со жена само би го попречувала неговиот начин на живот.
Се додека прва сосетка не му стане Габи Холанд.

“Николас Спаркс” – Порака во шише

Тереза Озборн е разведена и разочара, но еден ден сето тоа ќе се промени кога на плажата ќе пронајде шише со таинствено љубовно писмо. Се она што се случува понатаму е сосем неочекувано, можеби дури и чудно, бидејќи ги опфаќа сите наши надежи да пронајдеме некој посебен, да ја дофатиме љубовта која е вонвременска и вечна.

“Николас Спаркс” – На прв поглед
Исклучителната љубовна приказна започната во Вистински верник, продолжува во романот на Прв поглед.
Џереми Марш со сигурност знаел дека никогаш нема да замине од Њујорк и веќе никому нема да му го даде своето срце. Откако ќе го преболедува распаѓањето на првиот брак, Џереми сега живее во малиот град Бун Крик во Северна Каролина, свршен е за Лекси Дарнел, љубовта на неговиот живот. Но токму кога животот навидум тече блажено, една таинствена и вознемирувачка порака ќе раздвижи низа настани што ќе влијаат врз врската на младата двојка.
Колку вистински ги познаваме оние што ги сакаме? Како ги решаваме неизбежните сомневања, родителските стравови па и препреките што се појавуваат понекогаш на нашиот пат?

„Едно лето во Италија“ - Луси Гордон
Тоа требаше да биде само одмор? Но на некаков начин Холи е маѓепсана од малото девојче без мајка и сосема е обземена од таинствениот татко на детето, Матео. И пред да биде свесна што се случува, ќе се најде во нивната луксузна вила во Рим. Додека долгите летни денови почнуваат да замираат, Холи открива дека срцето на мажот што го засакала крие неколку темни тајни.

“Близначка” – Тес Геритсен
Повторно уште едно неверојатно добро дело на авторката од чии приказни и здивот ќе ви се заледи, маестралната Тес Геритсен.
Овојпат станува збор бостонската медицинската истражителка д-р Мора Ајис, која како судски паталог секојдневно се среќавала со тела на свирепо убиени луѓе. Веќе беше и навикната секое тело што ќе го прегледува да биде што помонструозно од претходното, дури до непрепознатливост. Но, еден навидум обичен ден во својата работна соба ја чекаше необична задача - новодонесената жртва беше идентична со неа... Како е возможно тоа? Едноставно таа и жртвата беа идентични, личат како јајце на јајце.

„Без догма“ – Хенрик Сјенкјевич
„Без догма“ е современ роман пишуван во форма на дневник од страна на еден исклучителен човек со аристократско потекло. Тоа е првата литературна творба на Сјенкјевич која се здобила со интерес кај европските читатели. Романот е обид да се даде слика за крајот на векот, кој врз интелектуалната душа остава петно на очај, како резултат на паѓањето на вредностите, бунтот против граѓанското општество, и воопшто, недостатокот од верба во што било и недостаток од каква било цел.

“Фатални желби” – Бруклин Хадсон
Совршена за љубителите на филмовите Sixth sense, Butterfly effect, како и за љубителите на Стивен Кинг - хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи.Игра која дефинитивно ќе нѐ научи да внимаваме што посакуваме... Нивните желби се исполнуваат. Нивните стравови се враќаат. Нивните кошмари стануваат реалност. Но... некои желби е најдобро никогаш воопшто да не се посакаат...

“Пред да заспијам” – С. Џеј. Вотсон
„Додека спијам, мојот ум ќе избрише буквално сѐ што правев денес. Утре ќе се разбудам исто како што се разбудив и денес. Мислејќи дека сѐ уште сум дете. Мислејќи дека сѐ уште имам цел живот на избори пред себе...“

“И планините одекнаа” – Халед Хосеини
Ќе се фатите во мрежата која е толку умешно скроена, ќе тагувате заедно со Абдула, кога неговата сестра, неговата сродна душа му е одземена, кога времето поминува и заборавот се наметнува...

 

Сподели на Facebook