Сопругата на сенаторот

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Секој брак крие свои тајни, па дури и оној најсовршениот! Но, некои тајни понекогаш е подобро да останат скриени. Засекогаш!
Во својата триесет и шестта година Мери го запознава Нејтан, љубовта на својот живот. Само еден месец подоцна тие започнуваат заеднички живот и набргу потоа стапуваат во брак. Мери и Нејтан се селат во Нова Англија во нивната нова сопствена куќа и започнуваат еден нов, сосема поинаков живот, но тоа е живот за кој Мери не е сигурна дека го посакува. Таа е вљубена во својот сопруг, но сепак чувствува дека пред неа ѝ претстојат неволји со кои таа ќе мора храбро да се соочи. Нејтан пак е возбуден од фактот што веднаш до нивниот нов дом, во соседната куќа живее сенаторот Том Нотон, неговиот политички херој кој веќе е во седумдесеттите години од својот живот.
Мери гради неочекувано пријателство со сопругата на сенаторот, елегантната Делија и притоа претчувствува дека од неа може многу да научи за брачниот живот и за мајчинството. Сепак Мери наскоро се соочува со неочекувано уривање на довербата кое може да уништи сѐ што таа успеала да изгради.
Неверојатна, сложена и мудра приказна од секојдневниот живот во која авторката навлегува во најдлабокиот интимен свет на секоја жена и маестрално нѝ го опишува.


Сподели на Facebook