Американски дервиш

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Фановите на маестралниот писател Халед Хосеини ќе бидат задоволни кога ќе слушнат дека има дело од автор кој се смета за негов достоен наследник.
Романот „Американски дервиш“ плени со историјата на муслиманската вера, љубовта кон Алах и животот на муслиманите во САД. Делото е приказ за проткајувањето на верата и на современиот живот.
Како и главниот лик во книгата, Хајат, така и самиот автор пораснал во Средниот запад на Америка, па со посредство на Хајат Шах тој сликовито им ги прикажува на читателите моќните сили кои влијаат врз момчињата и девојчињата што растат како муслимани во Америка.
Во книгата има доста емотивни заплети кај секого од ликовите, особено кај Хајат и Мина. Хајат е момче кое љуби безусловно. Својата љубов ја сака само за себе и е подготвен неговите чувства за љубовта и посветеноста да ги сочува по секоја цена. Како млад и заслепен, повторно искрен и чувствителен, тој прави нешто со кое во целост и од корен ќе го промени неговиот и животите на неговите најблиски.
Тука ја гледаме и Мина, неговата тетка, која е нескротлива и бестрашна жена, со чија појава ги крши сите предрасуди за пакистанското општество.


Сподели на Facebook