Сите соништа на светот

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

По разделбата со Макс, Ксенија дознава дека е бремена. Затоа кога интелигентниот и префинет адвокат Габриел Водое ѝ нуди брак таа ја прифаќа понудата и се мажи за него, најмногу поради тоа што тој воопшто не ја споменува љубовта како причина. Но кој би можел да помисли дека Ксенија нема да може го заборави Макс, а пак Габриел ќе се вљуби во Ксенија! Не можејќи да ѝ прости што таа останува верна на единствената љубов во својот живот тој се самоубива. Токму на денот на ослободувањето на Париз. Ниту уцените, ниту заканите не успеваат да ја натераат Ксенија да моли – жена која во минатото се соочила со болшевичките револуционери, во егзил и војна!
Постојат љубови што се како рани. Секое потсетување на некој спомен е доволен за да се појават поттиснатите спомени. Не поминува ни еден ден, а Ксенија да не помисли на Макс, најмногу поради тоа што не знае дали тој е жив или мртов. Таа неизвесност веќе долго време ја измачува. Дали требаше војната да се разгори за Ксенија да си признае себеси, но и на Макс дека го сака?
Покрај Макс таа се грижи и за неговата пријателка Сара и нејзиниот сопруг Виктор, бидејќи таа ги зела кај себе нивните деца Феликс и Лили. Евреи кои војната најмногу ги погодила.
Не можејќи да продолжи со улогата што ја избира за себе, да продолжи да се преправа дека сѐ е во ред, таа решава дека е време да тргне во потрага по Макс, во разурнатиот Берлин. Но дали тој е оној истиот Макс во кого таа се вљубила?
Макс преживеал, но сѐ уште е затвореник, затвореник на минатото, прогонуван од спомените на блиските пријатели кои загинале, а тој е сѐ уште жив. Бедно живее, но сепак е жив. Спасен благодарение на жртвата на Фердинанд кој умира не предавајќи го ниту него ниту отанатите членови на отпорот против Хитлер. Но по која цена? Вината сега речиси и не го напушта.
Судбината ѝ го враќа Макс на Ксенија, кој сега на некој друг начин се оддалечува од неа. Каква иронија, на почетокот од нивната врска таа ѝ побегнува на љубовта додека сега се чини дека Макс го прави истото.
Ксенија Фјодоровна Ослолин жртвувала многу во животот кој не ѝ овозможил ништо, освен што ја натерал силно да се бори за секој нејзин успех и за моментите на среќа! Кога го наоѓа Макс мисли дека борбата конечно е завршена, но изгледа дека не е така. Таа е слободна жена со сиот егоизам и непопустливост што ја подразбира таквата слобода. Жена со жестина и ум! Акцијата е нејзино второ име бидејќи животот не ѝ оставил поинаков избор. Да останела пасивна и покорна, да отстапела, ќе живеела само со спомените од детството како единствено засолниште.


Сподели на Facebook