Ледената принцеза

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Зимската атмосфера во ладната Шведска нѝ дава посебно чувство да уживаме во овој скандинавски роман, а мрачните тајни и мистерии се дополнително уживање во целата таа приказна.
Ерика Фалк се враќа во родното место Фјелбака поради смртта на нејзините родители, местото од кое ги има најубавите спомени од детството поминати со дружбата на нејзината тогаш-најверна другарка Алекс и која по игра на случајност ја наоѓа мртва во нејзината куќа, смрзната во када и со пресечени вени. Она што таа не го очекуваше е дека враќањето во Фјелбака ќе ги отвори старите тајни и рани и навидум конечно ќе ја открие мистериозната причина за заминувањето на Алекс и нејзиното семејство од Фјелбака во Гетеборг и причината поради која таа исчезна од нејзиниот живот без ниту едно збогување.
Но животот ѝ нуди нов правец кога се среќава со Патрик Хедстром, нејзината стара љубов, а воедно и полициски детектив кој ќе биде задолжен за истрагата за смртта на Алекс. Со негова помош и нејзина љубопитност таа ќе почне да копа во минатото на Алекс за да ја дознае причината за нејзината мистериозна смрт. Како што се обелоденуваат ужасните факти едноподруго, љубопитноста на Ерик и Патрик прераснува во опсесија - а нивниот флерт се претвора во нескротлива привлечност. Но набргу станува јасно дека во прашање е смртоносна тајна, а надвор има некој што ќе направи сѐ, па дури и да убие, за да ја скрие

Сподели на Facebook