Необичен заложник

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Необичен заложник

1838 година. Маријана Гивенс, смела млада жена, е пратена во Индија за да си најде соодветен маж. Патувајки како преведувачка, се приклучува кон придружбата на лорд Окланд, британски генерал гувернер кој патува преку Индија со војска од десет  илјади луѓе и кој тргнал да се состане со знаменитиот Ранџит Синг, махараџа на Пенџаб. Младите офицери се натпреваруваат за наклонетоста на Маријана, но таа се вљубува во Индија; во натоварените слонови што минуваат низ пространството и дивината; во мирисите на егзотичната храна во далечните логори; во загадочниот учител што ќе биде нејзин водач низ староседалските јазици и обичаи.

Сподели на Facebook