Посакувам да си тука

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Кога девојката со којашто се забавуваш 7 години ќе ти раскине на твојот 30-ти роденден и ќе замине со твојот колега и пријател, го правиш единственото логично нешто – се затвораш дома, во депресија и слушаш меланхолична музика од некоја Французинка за која никогаш порано не си слушнал. Но, додека нормалните луѓе слушаат песни и си плачат на перница кога ќе се пронајдат во некој срцепарателен стих, Даниел успева да си го пронајде целиот свој живот во новиот албум кој го добива на подарок од својата пријателка. Џез музиката на Ева Винтур, Французинка со магичен глас, буквално го обзема до тој степен што почнува да мисли дека е напишан токму според неговиот „глупав“ живот! И повторно, го прави следното логично нешто – открива каде е нејзиниот следен концерт и купува билет за првиот авион за Париз. А во Париз, приказна којашто никогаш не очекувал дека ќе ја открие.
Од апсурдната барокност на францускиот хотел, па низ тесни улички и мали кафулиња со интересни приказни, сè до еден „концерт“ и пејачка која дефинитивно е различна од очекувањата, а сето ова проследено со прекрасни стихови и музика која постојано ја слушате некаде во позадината на вашата свест. И да, тајна за една тајна градина која го растргнува сето она на коешто читателот се надева и на крај ги спојува парчињата во една магична, несекојдневна љубовна приказна.



Сподели на Facebook