Убијци без лица

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )


Сè започнува со бесчувствително и насилно злосторство: една студена ноќ на една далечна шведска фарма, еден постар фармер е претепан до смрт, а неговата жена оставена да умре со јаже околу вратот. Tоа создава доволно проблеми за полицискиот инспектор на Истад, Курт Валандер, уште повеќе што последниот збор на жената е странец, што на полицијата ѝ претставува единствена трага – а во поширок контекст, тоа е искрата што може да ги разгори и онака распламтените чувства на ксенофобија во Шведска. А животот на Валандер на личен план се распаѓа: неговата жена го напушта, неговата ќерка не му зборува, дури и неговиот стар татко одвај го поднесува.
Тој работи неуморно, се храни лошо и се опива до ситните часови. Но сега, кога зимата заострува а неговите активности ги надгледува една непоколеблива јавна обвинителка, Валандер мора да заборави на своите маки и да се втурне во битка со времето и со зголемената расна омраза.Книгите на Хенинг Манкел се продадени во преку 40 милиони примероци ширум светот.„
Извонреден роман со хипнотизирачка длабочина и неизвесност.“ Лос Анџелес тајмс„Досетлив, потресен и актуелен, ова е трилер од најдобриот вид.“ Тајмс „Досетлив, потресен и актуелен, ова е трилер од најдобриот вид.“ Тајмс (Лондон)„Мајсторски напишан детективски роман, приказната се одвива со брзо темпо и достигнува возбудлива кулминација.“ Сент Луис пост диспеч



Сподели на Facebook