Борнов идентитет

PDFПечатиЕ-пошта

( 3 Гласа )

Џејсон Борн е човек кој нема минато. А можно е дека нема да има и иднина. Неговото сеќавање целосно е исчезнато. Единствено е свесен дека Медитеранското Море го отфрлило на брегот и дека телото му е изрешетено. Од сигурна смрт го спасува Вошберн, лекар во мало место, на исто така, мал остров. Постојат неколку одговори: на неговото лице се гледаат докази од пластична хирургија. Неговиот натамошен живот се состои од битка за осознавање кој е, но и постојано бегство од непознати луѓе кои сакаат да го убијат. Борн се наоѓа во неверојатна сложувалка, од која се обидува да избега и која го води до длабоките слоеви на неговото заплеткано минато, бизарен свет на завери, убиства зад кои стои Карлос, најпознатиот атентатор на светот.
И никој не може да му помогне... Освен жена која некогаш сакаше да побегне од него.  

Сподели на Facebook