Ангелот чувар

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Оваа магична приказна за прифаќањето на минатото и за верба во сопствената иднина, започнува во Рио де Жанеиро, кога Пауло Коелјо му дава примерок од книгата Алхемичарот на мистериозниот учител Ж. и му го доверува својот немир поради тоа што сите негови соништа пропаѓаат токму кога е на прагот да ги оствари. Ж. му наложува на Коелјо да го пронајде својот ангел-чувар и да зборува со него. „Проклетството ќе исчезне“, му вели тој, „ако ја исполниш таа задача“. Прифаќајќи го предизвикот, Пауло со сопругата Крис остава сè и заминува на четириесетдневна авантура во преубавата но опасна пустина Мохаве - каде што и двајцата наоѓаат многу повеќе од она што очекуваат.
Мајсторската мешавина на локалната егзотика, драматичните настани и магичните случувања - заштитниот знак на романите на Коелјо - ја прават оваа автобиографска исповед истовремено и модерна авантура и метафизичка одисеја.






Сподели на Facebook