Свртени огледала

PDFПечатиЕ-пошта

( 5 Гласа )

Кружната одаја, во која напати осаменоста ме задушуваше, преполна е со твои спомени. Ме опива твојот мирис. Го слушам шепотот како ги урива sидовите и се претвора во татнеж кој ме одвојува од вистината.
Те гледам само кога ќе ги затворам очите. Ми велат дека е сон. Па што ако? И нека сонувам. Тоа е подеднакво исто кога ти си присутна во мојот дел од животот. Нека бидат и спомените, како што ми велат. Тоа е подеднакво исто, кога тебе те нема.
Се плашам каков ќе бидам кога ќе те изгубам. Кога повеќе нема да бидеш ни постојан мирис, ни шепот во кружната одаја, ни сон во затворени очи. А ни спомен што доаѓа од времето. 

Сподели на Facebook