Црвеното сари

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

 

Авантурата на една жена. Приказна за едно семејство. Епски роман за силата на духот на целата нација…
Соња Мајно, 19-годишна италијанска студентка, го запознава младиот Индиец, Раџив Ганди. Таа потекнува од скромно семејство од околината на Торино, тој припаѓа на најмоќното семејство во Индија. Тоа е почеток на една љубовна приказна која дури ниту смртта не може да ја прекине. Италијанката, поради љубовта го напушта својот свет и своето минато и се стопува со новата земја, чудесната Индија, во која постои култ кон дваесет милиони божество, во која се говорат осумстотини јазици и која има петстотини политички партии.
Поради својата одважност, искреност и посветеност, таа ќе стане вистинска божица во очите на една шестина од човештвото.
Со вистинска наративна магија, Хавиер Моро ја раскажува големата сага за семејството Нехру-Ганди, за луѓето фатени во канџите на власта, за заробениците на судбината која тие не ја избрале, истата таа судбина поради која Соња ќе стане симбол на надежта во земјата на Махатма Ганди.



 

Сподели на Facebook