Смрт на Нил

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Смрт на Нил е една од најпознатите книги од Агата Кристи која е напишана во нејзиниот препознатлив стил и го вклучува нејзиниот најпопуларен детектив, екцентричниот белгиски дебелко, Херкул Поаро. Типично за неа, „Кралицата на Злосторствата“ ја раскажува приказната за уште едно ингениозно убиство кое го држи читателот во неизвесност до самиот крај, а во исто време ги опишува убавините на античките светилишта и храмови на Египет. Во ова дело, се зборува за вистинска плејада на ликови, почнувајќи од еден млад, богат и многу озборуван брачен пар и нивниот вечен прогонител, па сѐ до сомнителни адвокати, контроверзни писателки и арогантни постари дами и нивната авантура на ексклузивниот брод Карнак, на крстарењето по преубавата река Нил.
Меѓу нив е и малиот јајцеглав детектив, кој не пропушта ни еден момент од настаните на бродот и кој успева да го открие генијалниот и невозможен крај на приказната.
Ова е една од најквалитетните книги на Агата Кристи, во која ќе најдете совршена мешавина на добра авантура, генијално решение и детални описи за убавините на Египет, типично за Кристи, која била голем обожавател на патувањата во источниот свет.
За Смрт на Нил е направен и филм, кој, издаден во 1978 г., може да се пофали со голем број на одлични и докажани актери.

Сподели на Facebook