Фатални желби

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Хорор мистерија со доза на натприродни трилер елементи. "Фатални желби" на Бруклин Хадсон ќе Ве извози на шокантна луда железница.
Лошо минато: Жулиен Грение пораснал во Франција, со многу насилен татко алкохоличар. Уште како мало дете, тој живеел во хорор кошмар и траумите се толку силни што му предизвикуваат кошмари дури и денес, иако тој повеќе не е во Франција, туку живее во Менхетен со својата сопруга Ракел. Трагична сегашност: Жулиен и Ракел се одличен, моќен бизнис пар. Жулиен е маркетинг директор на авенијата Медисон и тие имаат прекрасен живот, но тој се претвора во нов кошмар после трагедијата ноќта на нивната деветта годишнина.
Опасна иднина: Жулиен, ладен и резервиран поради сѐ што доживеал, но сепак лојален човек со златно срце, одлучува да почнат одново, да се преселат во мало мирно гратче и да му се вратат на нормалниот живот далеку од сите опасности. Она што не го знае е дека во новата прекрасна планинска куќа ги чека нова опасност, кошмар пострашен од сите други.
Фатална игра: На прв поглед, куќата во Кингс Холоу изгледа како остварување на сонот. Но таа има една уникатна карактеристика. Сите нејзини станари се вклучуваат во една фатална игра додека живеат таму. Игра која може да ти ги исполни сите желби... Игра која дефинитивно ќе нѐ научи да внимаваме што посакуваме... Нивните желби се исполнуваат. Нивните стравови се враќаат. Нивните кошмари стануваат реалност. Но... некои желби е најдобро никогаш воопшто да не се посакаат.


Сподели на Facebook