Препушти се

PDFПечатиЕ-пошта

( 4 Гласа )

Оден е едно осамено и многу паметно девојче. Таа всушност никогаш немала вистинско детство како сите други деца. Нејзините родители своето внимание му го посветиле на нејзиниот брат, а неа отсекогаш ја сметале како многу зрела и самостојна личност. Таа свое прибежиште нашла во книгите и во учењето. Но животот на Оден се менува од корен после разводот на нејзините родители. Тие постојано се расправале ноќе, а Оден била таа која ги слушала и не можела да спие, на тој начин таа започнува да пати од несоница. Оден никогаш немала вистински другарки, не излегувала и сето тоа за неа е нешто сосема  непознато. Летото пред да тргне на факултет решава да отиде на гости кај нејзиниот татко и неговата нова сопруга Хајди кои веќе имаат и свое дете - малечката Тизба. Оден пристигнува во Колби, а со тоа започнуваат и нејзините авантури.
Таму таа започнува да работи во бутик и би можело да се каже дека стекнува и другарки. Но тука го запознава и Илај, кој исто така пати од несоница поради една трагична случка од минатото, и заедно со него ужива во ноќите во Колби. Тој ѝ ги надополнува сите оние работи кои таа испуштила да ги прави како дете, велејќи ѝ дека за некои работи никогаш не е доцна.




Сподели на Facebook