„Лебарка“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

"Лебарката живее каде што може и како што сака" - е мотото на вториот роман на канадскиот литерат, приказна која никого нема да остави рамнодушен. Почнувајќи од смртта на таткото, па преку случувањата во градот во кој орбитира неговиот мал живот, главниот лик во романот постојано се чувствува како лебарка која навидум може секаде да живее, но никаде место не ја собира. Бегалецот кој од Париз се обидува своето парче под небото да го пронајде во мултинационалниот Монтреал наликува на многу стории за бескрупулозниот живот во светските мегалополиси, но токму оваа, на ликот во делото на Хаж, е онаа која истовремено длабоко ќе ве трогне, и на многу места ќе ве насмее до болка. Лесниот стил со кој писателот не префрла од една во друга крајност е толку питок, што тешко дека читателот ќе почувствува која е крајноста на еден ваков прекрасен ракопис.
За авторот
Канадскиот писател Рави Хаж е дете на светот. Роден е во Бејрут, а растел во Либан и во Кипар. Во 1984 година се преселува во Њујорк. Конечно, во 1991 година го пронаоѓа својот дом во Монтреал, Канада, каде живее и и твори и денес. По таксирањето и експериментирањето со фотографијата, тој конечно се скрасува во книжевноста, покажувајќи дека неговиот несомнен талент долго време чекал да биде откриен. Неговите два романа, ИГРАТА НА ДЕ НИРО (2006) и ЛЕБАРКА (2008) за кратко време постигнаа интернационален успех, ставајќи го Хаж на врвот на листите на омилени писатели кај многу угледни европски и американски интелектуалци.



Сподели на Facebook