„Се што премолчавме“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Ова е една неверојатна авантура во која ќе уживате во секоја прочитана страница а притоа ќе посакате да има уште некоја плус за да уживате во нежноста, возбудата и хуморот.
Авантура исполнета со возбуда, нежност и хумор, што го води читателот во срцевината на односите меѓу татко и ќерка и ни раскажува за првата љубов – онаа што никогаш не умира. Неколку дена пред венчавањето, на Џулија ѝ се јавува личниот секретар на татко и. Како што претчувствува таа, Ентони Волш – успешен деловен човек, но ладен татко – нема да може да присуствува на свеченоста.
Но овојпат Џулија признава дека тој има беспрекорно оправдување. Тој починал. Така, наместо таа да присуствува на својата свадба, Џулија присуствува на погребот на својот татко.
На денот на неговиот погреб, Џулија открива дека нејзиниот татко ѝ подготвил уште едно изненадување. Тоа е сигурно најнеобичното патување во нејзиниот живот, на кое ќе открие една долго чувана тајна.
Леви во овој роман му се враќа на фантастичниот свет на романтиката, со кој тој се прослави.

Сподели на Facebook