Спаси ме

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Волшебна приказна исполнета со магија, неизвесност и љубов. Жилиет и Сем не требаше да се сретнат. А не пак, да се вљубат еден во друг...
Една зимска вечер во срцето на Бродвеј, убавата Французинката Жилиет го запознава Сем, млад педијатар од Њујорк. Плашејќи се да не го разочара, Жулиет го лаже дека е адвокатка, а тој ја лаже дека е оженет. Всушност е вдовец.
И покрај меѓусебните лаги, тие ќе се заљубат и ќе поминат страствен, незаборавен викенд. Сепак, Жилиет мора да се врати во Париз, а Сем ја испраќа на аеродромот со цел да ја спречи да замине. Во тој пресуден момент, кога судбината може да се менува тој не умее да ги најде вистинските зборови да ја задржи покрај себе.
Штом авионот полета, експлозија одекна на небото.
Авионот во кој е Жулиет доживеал трагична несреќа.
Но, работите од тука натаму стануваат уште почудни. Грејс Костело, полицајка која е почината пред десет години го посетува Сем.
Му кажува дека Жулиет не е мртва, се симнала од авионот пред да полета. И е уапсена за терористички напад.
Сепак, за да течат нормално работите таа мора да умре. И Грејс е дојдена за да го оствари тоа.Како Сем може да поверува дека сето ова е вистина? И дали ова навистина се случува, или е уште еден крајно замрсен заплет од страна на маестралниот Гијом Мисо?

 

Сподели на Facebook