„Парада на марионетките“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

 

„Кога откажувањето на минатото ќе ја замати свеста, несомнено се губиш самиот себеси“, мислеше, движејќи се по празната улица...
Москва... Лос Анџелес... Амстердам
Роман во кој се раскажува за една обесхрабрувачка вистинска љубов – љубов од срце, а не од мисли, една од оние што никогаш не се забораваат. Патешествие низ мизеријата, потрага по разделените сродни души во придружба на вечниот сопатник – очајот. Можно ли е да се постигне најголемата доблест на човекот – простувањето?

„Парада на марионетките“ ни го открива вечното тежнеење кон слободата, додека смртта е само фрагмент од божествениот порив кон среќата за која толку се чезнее. Самоказнувањето по некакво непишано правило е дел од човековото магливо секојдневие.
„Впрочем, секој од нас е само преполовено знамение од еден човек, зашто пресечени како калвани, ние останавме двајца од еден. И затоа секој постојано го бара другото знамение кое му соодветствува“.
Платон, Гозба

 

Сподели на Facebook