Облечен живот

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

250 страници фасцинантно, забавно четиво полно со хумор, куп комични пресврти и неверојатни ситуации, пикантерии, интриги и најмногу од сè – искреност. И сето тоа зачинето со неповторливиот, за Игор толку препознатлив, стил на раскажување. Десет раскази, десет приказни кои мора да се раскажат. И уште десет пати по толку причини да се (пре)прочитаат. Толку добро Џамбазов нè води низ случките од детството и младоста што ќе сакате уште. Ликови чии вистински имиња ќе сакате да ги дознаете, случки кои ќе ве заскокоткаат, урнебесни ситуации на кои од срце ќе се смеете –секоја страница е мини ремек-дело!Зошто ја читате сè уште оваа корица? Завртете ја книгата и почнете! Верувајте, многу брзо пак ќе стигнете до овие редови. И потоа, ќе почнете од почеток..

 

Сподели на Facebook