Чекајќи го Годо

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Чекајќи го Годо“ е антидрама (театар на апсурдот), која претставува празнина, чекање како празно дејство. Во неа има низа дејствија и низа дијалози кои не претставуваат ништо – само празно губење на времето додека се чека нешто што нема да дојде.
Ако животот на Мерсо од „Странецот“ на Ками е бесмислен и апсурден, тогаш животот и ликовите во оваа драма се супербесмислени и суперапсурдни.
Темата на драмата е содржана во насловот, чекањето на двата главни лика (Естрагон и Владимир) на Годо, кој им ветува работа и подобар живот.
Идејата е во бесмислата на животот која сепак е поткрепена со надеж за подобра иднина и пронаоѓање на смислата. Надеж, дека утре ќе биде подобро, дека утре можеби ќе дојде Годо. Во оваа драма сè е релативно. Времето, местото, па и ликовите. Времето е денес, утре и вчера, а можеби и не е. Самите ликови не знаат дали чекале вчера или некогаш порано, а и утре можеби ќе чекаат, ако стигнат на време. Местото е покрај некое дрво, кое можеби е грмушка. Апсурдот на релативизирањето оди до таму што не е сигурно дали е тоа вистинското место каде што се договориле да се чекаат и дали и вчера биле тука или првпат доаѓаат.
Драмата е трагикомедија во два чина, во кои дејството речиси се повторува.

Сподели на Facebook