Опасно блиску

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Две соседни семејства, Катер и Ленглиеви, и тајните кои што ги поврзуваат ќе ви покажат колку опасноста може да биде толку далечна, а толку многу блиска...
Адам и Дерек се први соседи, но и најдобри пријатели, кои се интересираат за собирање на стари компјутери и компјутерски делови. Нивните домови се оддалечени на само педесетина метри. Еден „црн“ петок Адам и неговото семејство решаваат да заминат на еднонеделен одмор, а Дерек одлучува да го искористи нивниот дом за тајни состаноци со неговата девојка. Скришум, откако Ленглиеви заминуваат, Дерек останува сам во нивната куќа. Навидум сите услови се исполнети за љубовен состанок, на кој никој нема да го прекинува. Но, се случува токму она што Дерек најмалку помислуваше дека ќе се случи. Само половина час подоцна Ленглиеви неочекувано се враќаат, затоа што мајката на Адам не се чувстувала добро. Допрва настануваат вистинските проблеми. Дерек не смее да дозволи да го откријат, па одлучува да се скрие во визбата. Само пет минути подоцна во куќата на Ленглиеви упаѓаат непознати лица. Дерек преплашен од страв слуша три истрели по ред. По некое време откако се осигура дека непознатите лица заминаа, Дерек излегува од визбата и има што да види. Адам и неговите родители се ладнокрвно убиени! Целото семејство Ленглиеви е како срамнето со земја! Целиот во паника, пречекорувајќи го безживотното тело на својот најдобар пријател Адам, Дерек побегнува...
Истрагата започнува... За овој случај е задолжен полицискиот инспектор Бери Дакворт, кој тргнува во потрага по докази кои ќе го разрешат тројното убиство. Од тој ден животот на Џим, Елена и Дерек Катер се претвора во пекол. Живеат во постојан страв, кој секојдневно расте, а најлошото од сè е што не знаат дека токму Дерек е единствениот сведок на грозоморното убиство во соседството...
Уште неколку сомнителни убиства од минатото кои навидум не се поврзани. Борба за власт и моќ, без разлика на последиците...
Кој е вистинскиот автор на романот што го пронајде Дерек во еден стар компјутер? Каква врска има самоубиството на еден брилијантен студент со шефот на Елена Катер? И дали навистина тоа било самоубиство? Кој и зошто толку сака да дојде до компакт дискот на кој се наоѓа таинствената книга? И чии интереси се загрозени ако се докаже дека книгата е можен плагијат? И се разбира кој е мотивот за тројното убиство? Дознајте откако ќе го прочитате овој одличен трилер. Љубителите на овој жанр верувам дека целосно ќе уживаат!

Сподели на Facebook