Бесмртноста на Блаже Конески
Последно освежено на Четврток, 09 Декември 2021 13:05 Објавено од Слободан Пачовски Четврток, 09 Декември 2021 12:57
2021 година е година посветена на великанот на македонската култура, со што нашата земја и официјално се приклучува кон одлуката на Генералното собрание на Обединетите нации оваа година да биде Година на мирот и довербата.
Владата на Република Северна Македонија и Министерството за култура ја усвои Националната програма „2021- Година во чест на Блаже Конески“ која е дел и од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО“.
По тој повод, како дел од програмата за патрониот празник на 07.12.2021 година во просториите на НУУБ„ Св.Климент Охридски“ - Битола во соработка со Педагошкиот факултет од Битола, се одржа промоција на филмот „Бесмртноста на Блаже Конески“ од авторот Искра Талевска, дипломиран професор по англиски јазик и книжевност, изработен под менторство на проф. Силвана Нешковска.
Овој настан го збогатија и студентите од Педагошкиот факултет: Јасна Талевска, Димитра Десановска и Дијана Нешковска кои изрецитираа преубави стихови од Блаже Конески.
Модератор: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски
Повеќе фотографии од овој настан, на следниот линк: NUUB Facebook



По повод патрониот празник на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола и „100 години од раѓањето на Блаже Конески“ во просториите на Библиотеката ќе се реализираат низа настани со учениците од основните и средните училишта посветени на животот и делото на великанот Блаже Конески.
Во склоп на програмата по повод патрониот празник на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола на ден 06.12.2021 година се одржа промоцијата на книгата „Љубомир Трифуновски: персонална библиографија“.





