Обележувачи за книги и картички со поезија од Блаже Конески
Последно освежено на Среда, 01 Декември 2021 10:25 Објавено од Слободан Пачовски Петок, 26 Ноември 2021 12:41
По повод 100 годишнината од раѓањето на писателот Блаже Конески, НУУБ„ Св.Климент Охридски“ - Битола ќе реализира низа активности.
Овој месец нашата библиотека ја реализира првата работилница со учениците од II и IV година - графичка струка од СОУ„Таки Даскало“-Битола, во која учениците скоро цел месец работеа на изработка на обележувачи за книги и картички со поезија од писателот Блаже Коневски.
Секоја изработка е уникатна, а секоја творба внимателно избрана од учениците да одговара со изработката. Овие ученици уште еднаш покажаа голема заинтересираност и со огромна љубов и внимание ги изработија обележувачите и картичките, заедно со своите ментори Весна-Мундишевска Велјановски и Катерина Спасовска-Маурдева.
Подготвил: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски



Во просториите на СОУ „Таки Даскало“-Битола се одржа втората работилница во која учениците од II и IV година графичка струка, ги направија завршните работи со обележувачите за книги и картичките со поезија од писателот Блаже Конески. Со што се заврши еден целокупен процес на нивна подготовка.
Од 21 до 23 ноември 2021 година во Атина, Грција се одржа партнерски состанок во рамки на проектот „ГОРДОСТ 1 – Зачувување на ромскиот јазик преку употреба на онлине речник?“





