Одбележување на 20 Ноември - Светскиот ден на детето
Последно освежено на Петок, 19 Ноември 2021 12:08 Објавено од Слободан Пачовски Петок, 19 Ноември 2021 11:57
Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го означи 20 Ноември како Светски ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата низ светот и да ги потсети возрасните дека децата како рамноправни членови на секое општество имаат свои права и истите треба да се почитуваат.
По тој повод, НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола го одбележа 20 Ноември - Светскиот ден на детето, преку онлајн работилница со учениците од III-4 од ОУ„Тодор Ангелевски“ - Битола под менторство на наставничката Драгана Шерденков.
Учениците ни подготвија и прочитаа нивни авторски песнички посветени на детето, а истите ги збогатија со прекрасни цртежи на кои доминираа децата, виножитото и срцето. Кога ги запрашавме што им симболизира срцето, тие сите одговорија дека тоа им симболизира другарство и љубов кон другите деца. Дека сакаат да другаруваат и нивното другарство ништо да не може да го спречи.
Подготвил: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски
Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: NUUB Facebook



На 22.11.2021 година се одржа онлајн конференцијата „Виртуелни интернационални конекции : Глобална програма за размена на библиотекари“ (Virtual International connections : The Global Librarian Exchange Program) организирана од АЛА-Тркалезна маса за меѓународни односи и Универзитетската библиотека од Мичиген, САД.
На ден 18.11.2021 година нашата драга колешка Марија Малгожата Мачковска, вработена во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола ја доби престижната награда „Рицерски крст - Орден за заслуги на Р.Полска“ од претседателот на Р. Полска Анджеј Дуда.





