Забавата продолжува со учениците од ООУ „Стив Наумов“- Битола
Последно освежено на Вторник, 02 Ноември 2021 11:58 Објавено од Слободан Пачовски Вторник, 02 Ноември 2021 10:41
Забавата продолжува.
Во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржаа две работилници со учениците од V-в и V-г одделение, од ООУ „Стив Наумов“- Битола. Учениците заедно со своите наставнички Билјана Палашовска и Весна Стојановска имаа можност да ги слушнат прекрасните Македонски народни приказни „Самоилова невеста“ и „Пиралката невеста - Самоилова“, кои им ги прочита библиотекарот Јасминка Кочевска
Во вториот дел од работилницата, учениците ги набоија цртежите инспирирани од приказните кои претходно ги слушнаа и одлично се забавуваа.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook



Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ е организиран од НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, и се одржа на ден 29.10.2021 година.
По повод „700 години од смртта на Данте Алигиери“, во холот на Библиотеката НУУБ Св. Климент Охридски - Битола, беше поставена тематска изложба.





