Нова екипа на нова ноќна авантура во Библиотеката
Последно освежено на Четврток, 30 Декември 2021 12:11 Објавено од Слободан Пачовски Среда, 29 Декември 2021 08:02
Предновогодишната забава во нашата Библиотека продолжува.
Децата се тие кои веруваат и се радуваат на магичноста што го карактеризираат овој период. Затоа во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, се реализираше уште една волшебна работилница.
Волшепствата од приказните за Дедо Мраз, за самовилите и принцезите од книгите, многу игра и забава која им ја приреди Весела Богдановиќ, направи овие дечиња да уживаат во магијата и убавината на приказните.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook



„Имало и ќе има ѕвездени ноќи над касабата и раскошни соѕвездија и месечини, но немало и којзнае дали ќе има некогаш такви младежи, што бдеат на портата во такви разговори со такви мисли и чувства. Тоа е поколение на побунети ангели, во оној краток миг додека уште ја имаат и сета моќ и сите права на ангелите и пламената гордост на бунтовниците...“ (извадок од Мостот на Дрина, Иво Андриќ, 1977, стр.284)
На ден 24.12.2021 во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ се реализираше уште една работилница на тема „Иво Андриќ - 60 години Нобелова награда“.





