Настани

Почина писателот Радован П. Цветковски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Вчера, на деведесет годишна возраст, по кратко боледување, почина писателот Радован П. Цветковски, поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, писател за деца и млади и фолклорист.

Роден е на 03.09.1931 година во Сопотница, Демир Хисар. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија, Македонското научно друштво Битола, Друштвото на фолклористи на Македонија и на Управниот одбор на списанието ,,Современост“.
Делата на Цветковски се застапени во повеќе антологии. Добитник е на неколку значајни награди и признанија, меѓу кои и на „Книжевен жезол“ на ДПМ за 2019 година.

Ги објавил следните дела: Поезија: „Моето поднебје“, „Кругови од лузни“, „Камен и небо“, „Бели несоници“, „Дедо ми во балканските војни“, „Кога ѕвездите кон небо паѓаа“, „Јазли на душата“, „Корени од прагот“, „Даги“, „Прекршено време“, „Сонето пратчувство“ и „Навите“. Поетски избори: Врати во пејсажот, „Аманети“, „Распетие наше“ Проза: „Ангелот и клучот“, „Блиску до умот“. Проза за деца и млади: „Смокот пештерски“, „Рашко“, „Приказни од лозје“.
Критики истудии: „Видувања“, „Отаде и одавде времето“.
Фолклористички дела: „Македонски народни пословици““, „Сказанија демирхисарски“, „Демирхисарски и други сказанија“.
Дела од областа на дијалектологијата и лексикографијата: „Студија за демирхисарскиот говор“, „ Речник на демирхисарскиот говор“.
Погребот ќе биде извршен денес во 12 часот на Битолските градски гробишта.

 

Наградени читатели кои ни испратија најубави Божиќни пораки

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод Божиќните празници НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и Ротари клубот Битола Широк Сокак наградија повеќе читатели за најубави пораки поврзани со Божиќ и волшепствата што овој празник ги носи.
Добитници на награди се: Јована Матевска Атанасова, Елена Талевска, Сузана Свенчева, Јасмина Трајковска, Ивана Здравковска.

Ова се пораките кои освоија и најмногу гласови: Најдобриот подарок не е оној што го добиваш, туку оној што го даваш, Токму тоа е целта на божиќните празници. Да го пронајдеме изгубеното парче човечност, да веруваме затоа што сакаме.
Да се обидеме да ја зачуваме божиќната магија во текот на целата година, за да бидеме подобри, да сакаме посилно и да правиме по едно мало чудо секој ден. Благословен ден се раѓа… Бог синот свој на земјата го праќа! Ѕвезда сјајна на небо што блеска, домот да Ви го исполни со љубов и среќа!!!

Нека сребрени зраци од божиќното утро го осветлат Вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Срцето на човекот го смислува неговиот пат, а Бог управува со неговите чекори. Се што правите, каде и да одите, нека биде благословен Вашиот пат!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

   

ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „SАSAS JEKHVAR JEKH – СИ БЕШЕ ЕДНАШ“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Активностите во врска со проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time...“ дојдоа до својот крај. Последните активности вклучуваа рангирање на дополнителни бајки од Романија, изработка на брошурата и концептот за последователниот проект преку кој собраните бајки ќе се објават во Европска ромска книга на бајки.

Стратешкото партнерство „Sasas Jekhvar Jekh – Once upon a time...“ започна во септември 202о година и траеше 16 месеци до декември 2021. Во него учествуваа партнерски организации од Германија, Унгарија, Бугарија, Грција, Романија, Турција, Србија и Северна Македонија.
Проектот го финансираше Европската комисија преку Еразмус + програмата, а го координираше германската организација Југендстил.

END OF THE PROJECT „SASAS JEKHVAR JEKH – ONCE UPON A TIME”
The activities related to the project "Sasas Jekhvar Jekh - Once upon a time ..." came to its end. The last activities included ranking of additional fairy tales from Romania, elaboration of the brochure and the concept for the follow-up project with which the collected fairy-tales will be published in a European Roma Fairy Tale Book.
The strategic partnership "Sasas Jekhvar Jekh - Once upon a time ..." started in September 2020 and lasted for 16 months until December 2021. Part of it were organizations from Germany, Hungary, Bulgaria, Greece, Romania, Turkey, Serbia and North Macedonia.
This project was financed by the European Commission through the Erasmus + programme, and the coordinator was the German organization JugendStil.

Повеќе фотографии на следниот линк:NUUB Facebook

 

 

   

Страница 1 од 314

Сподели на Facebook