Учениците од ООУ „Кирил и Методиј“ - Битола за Блаже Конески
Последно освежено на Петок, 17 Декември 2021 09:11 Објавено од Слободан Пачовски Петок, 17 Декември 2021 08:15
„Ти благодарам моја библиотеко. Ти благодарам мое топло катче на волшепства од книги. Нека ти е среќен роденденот, единствена ти, и ти посакувам уште многу повеќе. Да станеш уште поголема и поголема, збогатувајќи го својот книжевен фонд и да не радуваш и сите нас вљубениците во пишаниот збор.“
Со оваа прекрасна порака започнаа учениците од 6,8 и 9 одд. од ООУ„Кирил и Методиј“ - Битола под менторство на наставничката по македонски јазик Алексансра Упале по повод патронатот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола и „100 години од раѓањето на Блаже Конески“.
Учениците за оваа пригода ни имаа подготвено прекрасно поетско читање на делата на Блаже Конески, во уникатен стил беше изведена и песната „Везилка“.
Им благодариме!
Подготвиле Вера Марковска и Ирена Колевска
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook