Изложба -100 години од раѓањето на Блаже Конески
Последно освежено на Понеделник, 06 Декември 2021 14:32 Објавено од Слободан Пачовски Понеделник, 06 Декември 2021 14:25
Во холот на Библиотеката е поставена изложба на тема „100 години од раѓањето на Блаже Конески“.
Оваа година е посветена на Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) кој е најзначајната фигура на македонскиот 20 век. Тој беше филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ).
Во негова чест НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола во периодот од 8 до 17 декември ќе организира низа настани со учениците од основните и средните училишта.
Изложбата ја подготвија: Илче Стојановски, д-р Јасминка Кочовска, Слободан Пачовски, м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски и Марија Марковска.
Повеќе фотографии од изложбата погледнете на следниот линк: NUUB Facebook