Кристине Нестлингер
Објавено од Фатма Бајрам Четврток, 07 Ноември 2019 08:21
Австриската писателка Кристине Нестлингер е тема на втората работилница организирана од страна на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола и Австриски библиотеки во Битола која е една од 65 Австриски библиотеки во 28 држави во светот. Работилницата беше наменета за средношколци и спроведена во месецот на книгата и најголемиот австриски литературен фестивал во неговото 14. издание „Австрија чита. Место за средба - Библиотека“. Истиот се одржува од 14.10.-20.10.2019 во Австрија и е понуден и на Австриските библиотеки во странство. Учество зедоа учениците од СОЕУ „Јане Сандански“ Битола предводени од нивниот професор по германски јазик д-р Николче Шулевски.



Австриската библиотека од Битола во месецот на книгата заедно со НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола се приклучува на најголемиот литературен фестивал „Австрија чита“ со две работилници со ученици основци и средношколци оддржани на 29.10. и 30.10.2019 година во просториите на Библиотеката. Идејата за вакви средби со ученици е да се запознаат со начинот како да пребаруваат во Австриската библиотека, да изнајмат книга и да читаат од богатиот фонд на германскојазичната литература. На 37 учениците од основните училишта „Тодор Ангелевски“ и „Гоце Делчев“ предводени од нивните наставнички по германски јазик Елена Поповска и м-р Симона Монавчева им беше претставена австриската писателка Мира Лобе, автор со книжевен опус на повеќе од 100 книги преведени на околу 10 јазици.
Почитувани, во рамките на месецот на книгата, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола заедно со Австриската библиотека Ве покануваат на следните настани:
На 03.11.2018 во Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски Битола со одржа семинар за професори по германски јазик на тема „Плурицентриката на германскиот јазик“. Семинарот се организира во рамките на традиционалните „Австриски денови во Македонија“ а е поддржан од Министерството за образование, наука и истражување на Р. Австрија, Австриската служба за академска размена, Амбасадата на Р. Австрија, Австриската библиотека во Битола и Почесниот конзулат на Р. Австрија во Битола. Предавач на семинарот, кој се состоеше од три работилници на тема „Плурицентриката на германскиот јазик“, „Славење на празници“ и „Квиз за Австрија“, беше м-р Лукас Маерхофер од Виена. Лукас Маерхофер, студирал германска филологија, театарски студии и романистика на Универзитетот во Виена и студирал гастрософиски науки на Универзитетот во Салцбург. Од 1999 година е обучувач и предавач за германски јазик како странски јазик, организатор на меѓународни семинари за наставници, предавач на Универзитетот за применети науки Виена (BFI) како и автор и уредник на наставни материјали за издавачката куќа Хуебер во Германија.
Н.Е. м-р Ренате Коблер-Амбасадор на Република Австрија во Република Македонија на ден 13.12.2017 ( среда) ја посети Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола и на директорот на НУУБ м-р Јелена Петровска и ја предаде овогодишната донација на книги за Австриската библиотека во Битола.
Einladung zur Lesung von Kinderbuchautorin Rosemarie Eichinger aus ihrem Buch „Essen Tote Erbeerkuchen“
Австриската библиотека и Почесниот конзулат на Република Австрија во Република Македонија беа посетени од студентите од 4. година од студиската програма по германски јазики книжевност при Државниот универзитет во Тетово со нивните професори и шеф на катедра. Гостите ги поздрави в.д. директорот м-р Јелена Петровска и ги запозна со структурата на НУУБ „Св. Климент Охридски“ и Австриската библиотека во Битола. Австрискиот лектор Лазим Ахмеди заедно со неговите студенти подготви литературно читање на избрани текстови и истите и беа презентирани на Почесниот конзул на Република Австрија и раководител на Австриската библиотека во Битола д-р Валентина Илиева.
Во рамки на издавачката дејност на УКЛО на Светскиот ден на учителите, 5 октомври, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, промивирано е изданието „Методи на наставата по германски јазик како странски јазик„

Здружението за македонско-германско пријателство соработка од Битола започна да ја реализира својата годишна програма. Меѓу првите активности е работилницата за професори по германски јазик на тема „Збор и игра во наставата“ чиј реализатор беше г-дин Тимо Брунке од Штутгарт, Германија. На работилницата зедоа учество 22 професори по германски јазик од Битола, Прилеп, Охрид и Скопје. Присутните ги поздрави д-р Лили Бошевска директор на НУУБ Св. Климент Охридски Битола во чии простории се одржа работилницата и претседателот на ЗМГПС д-р Валентина Илиева, којашто меѓу другото истакна дека „ЗМГПС од Битола добива преку Гете институтот во Скопје и Германската Амбасада во Скопје активности кои ние во Битола ги организираме.
На 12.11.2016 г. во НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола, Австриската Амбасада во Скопје, НУУБ „Св.Климент Охридски“ и Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола реализира две манифестации:
Во рамките на овој најголем австриски фестивал на литературата 2016 „Австрија чита, место за средба - библиотека“, Австриската библиотека во Битола организираше литературно читање, на кое што беа поканети да учествуваат учениците од О.У. „Ѓорѓи Сугарев“. Почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева заедно со учениците прочитаа две приказни од детскиот криминален роман: „Моцарт и атентатот во операта“. Во соработка со наставниците по германски јазик: Ана Савеска и Ирена Миленковска, учениците ги превзедоа улогите на Моцарт, на господинот Шиканедер, неговата ќерка Кати, потоа оперската пеачка Ана Готлиб и нејзиниот брат Амадеус, додека д-р Илиева го читаше наративниот дел и на тој начин, воспоставена е една топла и пријатна книжевна атмосфера. За успешната интерпретација на улогите и активното учество во литературниот настан, почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева на учениците учесници им подари пригодни подароци.
Ученици од ОУ „Гоце Делчев“ од Битола подготвија работилница во Австриската читалница што е во рамките на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
На покана на раководителката на Австриската библиотека д-р Валентина Илиева, а на иницијатива на м-р Симона Монавчева (специјалност- Nöstlinger) проф. по германски јазик во Основното училиште „Тодор Анѓелевски“ во Битола 16 ученици од 7. и 9. одделение, кои го изучуваат германскиот јазик подготвија литературно читање и натпревар во брзо читање на германски јазик.
Во рамките на најголемиот австриски фестивал на литературата „Австрија чита, место за средба- библиотека“, Австриската библиотека во Битола организира второ литературно читање. Почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева заедно со ученици од О.У. „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола го прочитаа текстот „Школски приказни за Франц“ од познатата австриска писателка Кристине Нестлингер. Во соработка со професорите по германски јазик и литература: м-р Ана Савеска и Ирена Миленковска, учениците ги превзедоа улогите на Франц, наставникот Свобода, родителите на Франц, бабата на Франц и го читаа директниот говор во текстот, додека д-р Илиева го читаше наративниот дел и на тој начин, воспоставена е една топла и пријатна книжевна атмосфера. За успешната интерпретација на улогите и активното учество во литературниот настан,почесниот конзул на Република Австрија во Република Македонија д-р Валентина Илиева на учениците учесници им подари пригодни подароци.
Најголемиот австриски фестивал на литературата го слави својот 10 годишен јубилеј! 

На 24 септември 2014 година во 12 часот во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола во присуство на амбасадорот на Швајцарија во Р. Македонија, Стефано Лазарото, амбасадорот на Р. Австрија д-р Томас Михаел Баер, почесниот конзул на Р. Австрија и раководител на австриската библиотека во Битола д-р Валентина Илиева, на директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, г-дин Науме Ѓоргиевски му беше врачена донација на книги од Швајцарија за Австриската Библиотека, која е во склоп на Библиотеката во Битола.
Во оргaнизација на Амбасада на Република Австрија во Македонија, почесениот Австриски Конзулат во Битола, Австриската библиотека, во НУУБ „Св Климент Охридски“ - Битола беше одржано предавање на тема „Зигмунд Фројд или како соништата стануваат реалност“ на германски јазик.
На 26 април 2013 на Педагошкиот факултет во Битола- Универзитет Св. Климент Охридски се одржа предавање „Музиката во Австрија“.Амбасадорот на Република Австрија д-р Томас-Михаел Бајер ја прифати поканата на Ректорот на Универзитетот проф. д-р Златко Жоглев, со неговото предавање „Музиката во Австрија“ да го збогати одбележувањето на 34-от роденден на Универзитетот, кој оваа година изобилуваше со многубројни манифестации.Продеканот за настава проф. д-р Валентина Гулевска го поздрави и го покани гостинот да го одржи неговото предавање. Студентите покажаа голем интерес и дискутираа по предавањето со Амбасадорот.
Со оглед на кандидатскиот статус на Република Македонија за членство во ЕУ, значајно е нашите граѓани да бидат запознати со културното богатство на земјите членки. За таа цел, матичната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски организираше деновите на европската култура во Битола во рамките на БИТФЕСТ 2013 година. Различните култури и нивното прифаќање се предуслов за развој на човекот, негова еманципација и проширување на културното богатство. Исто така, тие се предуслов за подобро меѓусебно разбирање на народите и нивно зближување. Со таква цел во библиотеката Св. Климент Охридски се реализираат деновите на европската култура во Битола започнувајќи од 09.07.-12.07.2013 година.
Во рамките на прославата по повод отворањето на Австриската библиотека Австрискиот Амбасадор д-р Томас Михаел Бајер (Dr. Thomas Michael Baier) одржа на покана на Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола, проф. д-р Златко Жоглев, предавање на тема „МЕЃУНАРОДНО КАЗНЕНО ПРАВО“ пред студентите , асистентите и професорите на Правниот факултет. Деканот на факултетот, проф. д-р Илија Тодоровски ги поздрави предавачот и публиката. Излагањето на Амбасадорот Бајер ја осветли историјата на меѓународното казнено право на нирнбершките и токиските процеси сѐ до согласувањето за прифаќањето на престапите на агресија во Римскиот статут на меѓународниот казнен судски двор и воопшто улогата на меѓународните трибунали при натамошниот развој на хуманото народно право.
Во преполната сала за промоции на Националната установа и Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски на 20.09.2012 беше промовирана научната публикација на д-р Валентина Илиева од страна на проф. д-р Петар Рау во присуство на Неговата екселенција Австрискиот Амбасадор д-р Томас Бајер.Поздравување на студентите, асистентите, професорите, писателите, продеканите и деканите од различни факултети на Универзитетот Св. Климент Охридски следеше во прекрасната сала од доц. д-р Даниела Андоновска-Трајковска. Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски проф. д-р Златко Жоглев во неговиот поздравен говор ја опиша авторката како вредна, компетентна и доверлив квалификуван наставник на Универзитетот.
На 30 ноември 2012 во историскиот јужномакедонски град Битола се одржа вечер на пијано со австриската пијанистка Ема Шмит, организирана од тамошниот Центар за култура заедно со Австриската библиотека Битола и Австриската Амбасада Скопје.


Во рамки на успешната соработката со Австриската амбасада во Република Македонија и успешното функционирање на Австриското катче во Битолската библиотека, швајцарскиот амбасадор во Р.Македонија г-дин Stefano Lazzarotto донира книги за љубителите на германскиот јазик.
Студентите ид 1 и 4 година, професорките доц.д-р Валентина Илиева и проф. д-р Јаготка Стрезовска при Педагошкиот факултет - Германски јазик и книжевност - Битола на ден 27.09.2012 година ја посетија Библиотеката. 
Универзитет „Св.Климент Охридски“ - Битола





