19. Републички натпревар „Млади библиотекари“, 2018
Последно освежено на Вторник, 20 Ноември 2018 20:14 Објавено од Administrator Понеделник, 19 Ноември 2018 15:09
На 16.11.2018 година се одржа 19. Републички натпревар „Млади библиотекари“ во Домот на културата „Илинден“ во градот-домаќин Демир Хисар. На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 21 учесници од основните училишта на Република Македонија. Петчлената комисија во состав: Мариче Боздоганова, претседател, Соња Велјановска, член, Билјана Аџиовска-Пранџарова – член, Златко Бошевски, член и Драгана Коцева, член и претставник од присутните ментори на учесниците ги прегледаа тестовите и утврдија дека на прво место, од вкупно 120 поени е Борче Исакоси од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид со освоени 119 поени, на второ место е Трајче Манчевски од ООУ од „Никола Вапцаров“ – Струмица со освоени 117 поени, и третото место го освои Сања Георгиева Од ООУ „Никола Карев“ од Радовиш со освоени 116 поени. Честитки за наградените и за сите учесници на овој натпревар. Голема благодарност до учениците, нивните ментори и колегите билбиотекари, а посебна благодарност му упатуваме на овогодинешниот домаќин за приемот и пригодниот ручек.




На 2.11.2018 во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола се одржа 18. Општински натпревар „Млади библиотекари“, на кој зедоа учество ученици од основните училишта од Битола и по еден ученик од училиштата во с. Бистрица, с. Новаци, с. Могила, с.Добрушево и с.Долно Српци, со вкупно петнаесет претставници.
На 17.10.2017 во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола се одржа 18. Општински натпревар „Млади библиотекари“, на кој зедоа учество ученици од основните училишта од Битола и по еден ученик од училиштата во Бистрица, Новаци и Добрушево, вкупно единаесет претставници.
НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола традиционално го организира 17-тиот општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ кој се одржа на ден 14.10.2016 година, во просториите на Библиотеката .
На 31. 10. 2014 година, во Велес се одржа 15. по ред Републички натпревар „Млади библиотекари“, организиран од Библиотекарското здружение на Македонија и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес. На натпреварот зедоа учество 22 напреварувачи од цела Македонија. По поставените прашања од страна на трочлената комисија во состав Пепи Ставревски, претседател и членовите Јадранка Мајсторова и Снежана Петкова, учесниците преминаа со одговарање на прашањата.
Во НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола на 14.10.2014 год. (вторник) со почеток во 11 часот, се одржа петнаесеттиот Општински натпревар на „Млади библиотекари“ во просториите на Библиотеката.
НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола, на ден 07.10.2013 година го организираше традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“ кој се одржа во просториите на Библиотеката.
НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола, на ден 03.10.2012 година (среда) го организираше традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“ кој се одржа во просториите на Библиотеката.








