„Што да сторам кога се гори“ – Антонио Лобо Антунес
Објавено од Фатма Бајрам Вторник, 21 Ноември 2017 08:53
Лобо Антунес навлегува во непознатиот свет на трансвеститите, хомосексуалноста, дрогите и на алкохолот за да ни ја раскаже приказната на едно семејство полно со конфликти, и тоа преку сеќавањата на Пауло, момче што растело под туторството на таткото-трансвестит и на мајката-алкохоличарка. Неговиот живот се одвива на улиците на еден сиромашен кварт во Лисабон, каде што ја набавува дрогата што му помага да избега од реалноста, и во психијатрискиот центар, каде што лекарите се обидуваат да го вратат во живот. Насловот на книгата е стих од ренесансниот поет Са де Миранда, кој во денешно време се чини најактуелен досега. Антунес вели дека по овој роман има желба да напише само уште две книги.
„Спиј“ – Анелис Вербеке
Објавено од Фатма Бајрам Понеделник, 20 Ноември 2017 15:18
Маја страда од несоница. Пробува сè и сешто за да дремне барем малку. Советите од пријатели и од стручни лица не помагаат. Терапиите преку ШопЧанел и курсевите, исто така. Кога партнерот ја остава, бидејќи покрај неа веќе не се издржува, таа ја губи контролата врз себе. Ноќе фрустрирано буди други луѓе... Сè додека на едно од своите полноќни талкања, не ја сретне сродната душа, Беноа. Тоа е почеток на чудна врска. Затоа што, додека таа живее во сегашноста, тој повеќе сака да се наврати на времето што веќе поминало...
Oд книгата само во Белгија и во Холандија се продадени 75 000 примероци, а досега е преведена во 22 земји.