Нови наслови

Скандал на пролет - Лиса Клејпас

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Откако Дејзи Боуман не успева да си најде маж три сезони во Лондон, татко ѝ ѝ се заканува дека ако таа самата не си пронајде маж ВЕДНАШ, тогаш тој лично ќе ѝ пронајде, без разлика дали ѝ се допаѓа изборот или не. А неговиот избор дефинитивно не ѝ се допаѓа затоа што станува збор за најладниот, најнепривлечниот и најздодевниот маж на светот – Метју Свифт.
Дејзи е ужасена. Боуманови никогаш не признаваат пораз и таа одлучува да направи сè што треба за да се омажи со некој… кој било друг, освен Свифт.

Читај повеќе: Скандал на пролет - Лиса Клејпас

 

Новиот сопруг - Д.Џ.Палмер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Тоа што љубиш некого не мора да значи и дека вистински го познаваш…
Кога нејзиниот сопруг исчезнува , Нина дознава дека Глен водел двоен живот со друга жена. Но Глен веќе го нема – полицајците претпоставуваат дека се удавил за време на риболов на неговиот брод – па таа не може да се соочи со него за аферата и сите други лаги. Година и пол по несреќата, Нина се смета себеси за вдовица, иако полицијата сè уште нема пронајдено тело.

Читај повеќе: Новиот сопруг - Д.Џ.Палмер

   

Патник 23 - Себастијан Фицек

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во просек, 23 луѓе годишно исчезнуваат од бродови за време на крстосувања. Обично, таквите ги отпишуваат како жртви на несреќи или самоубиства со скокање од брод. Но, што ако не се?
Пред пет години, Мартин Шварц, полициски психолог, ги изгубил сопругата и синот. Биле на одмор на брод, на крстосување, кога тие двајца едноставно исчезнале. Слабата истрага не успеала да открие што се случило – судскиот вештак заклучил дека се работи за убиство и самоубиство.

Читај повеќе: Патник 23 - Себастијан Фицек

 

Плачот на срната - Слаѓан Славенски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Тој е повлечен, талентиран сликар кој сè уште не е закрепнат од исчезнувањето на неговата блиска пријателка – која најверојатно е жртва на сериски киднапер во нивното мало гратче. Таа е црвенокоса убавица со проблематично семејство; живее единствено за својот мачор, музиката и книгите. Нивните меланхолични души се поврзуваат на еден необичен начин – чуден сон, префинето претставен на платно.

Читај повеќе: Плачот на срната - Слаѓан Славенски

   

Избриши ги солзите - Линда Хауард

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Водена од опсесијата да ги пополнува празнините во туѓите животи, Мила Еџ има неверојатна страст, инстинкт и дарба за пронаоѓање исчезнати деца. Кога сè друго изгледа изгубено и беспомошно, очајни души од сите страни на светот доаѓаат кај неа за надеж и помош. Со работата, Мила се бори да побегне од бруталните емоции кои ја јадат однатре затоа што има само едно дете кое не може да го пронајде со години… а тоа е нејзиното дете.

Читај повеќе: Избриши ги солзите - Линда Хауард

 

Совршена недомаќинка - Софи Кинсела

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Адвокатката Саманта Свитинг, невидена работохоличарка, прави фатална грешка за првпат во својата брилијантна кариера – толку незамислива грешка, што си ги уништува сите шанси некогаш да стане партнер во адвокатската фирма каде што работи.
Избезумена од паника, излегува од својата канцеларија во Лондон, се качува во воз и завршува Бог знае каде.

Читај повеќе: Совршена недомаќинка - Софи Кинсела

   

Страница 18 од 65

Сподели на Facebook