Нови наслови

Последната камелија - Сара Џио

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Романтична и неизвесна приказна за две жени чии судбини се испреплетуваат низ годините.
На работ на Втората светска војна, на еден имот во Англија, една личност го крие последниот опстанат примерок од ретка камелија по име Мидлбериска розова камелија. Флора, ботаничарка од Америка, ја контактира лидерот на интернационален синџир на крадци на ретки цвеќиња со понуда да се инфилтрира во куќата во Англија како дадилка и да дојде до реткото растение.

Читај повеќе: Последната камелија - Сара Џио

 

Сфинга на гневот - Жарко Кујунџиски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Кога уредникот на издавачката куќа „Веда“ дознава дека еден познат писател е пријавен како исчезнат, тргнува да ја открие вистината. Потрагата во која ризикува сè ќе го соочи со загатки во кои се испреплетени историјата, митологијата, психологијата и општествените случувања. Лазар смета дека ако ги дешифрира тајните пораки што ги открива, ќе ја оствари одамна посакуваната цел: да се добере до необјавениот ракопис на исчезнатиот писател.

Читај повеќе: Сфинга на гневот - Жарко Кујунџиски

   

Јуда - Амос Оз

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Уште едно маестрално дело на Амоз Оз во кое доаѓаат до израз неговата генијалност и проучување на човечкиот ум со сите негови противречности. Романтичен и трогателен, ова е роман полн со меланхолија, но и хумор и мудрост, низ кој се испреплетени историјата и религијата.
Ерусалим, 1959 година. Шмуел Аш, студент на Хебрејскиот универзитет и млад проучувач на Библијата, се чувствува изгубено. Семејството му е на раб на финансиска пропаст, неговото истражувачко дело е во криза, а девојка му решава да се омажи за претходното момче.

Читај повеќе: Јуда - Амос Оз

 

Повикот на кукавицата - Роберт Галбрајт

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Број 1 интернационален бестселер. Напнат крими-роман сместен во атмосферата на Лондон – од тивките улици на Мејфер, преку пабовите во зафрлените улички на Ист Енд до бучавата на Сохо. Една снежна вечер манекенката Лула Ланди ќе падне од балконот на својот апартман. Нејзиното проблематично однесување ќе ја наведе јавноста да заклучи дека станува збор за самоубиство.

Читај повеќе: Повикот на кукавицата - Роберт Галбрајт

   

Хотел тишина - Ојдур Ава Олафсдотир

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Смешен, меланхоличен и крајно заводлив роман за еден човек чиј живот се распаѓа и процесот низ кој минува за повторно да го состави. Јонас се чувствува како неговиот живот да завршил. Сопругата го оставила, мајка му сè повеќе тоне во деменција, а неговата ќерка веќе не е истата. Така што, тој смислува сигурен план: да купи билет во еден правец до хаотичната земја опустошена од војна и да стави крај на сè.

Читај повеќе: Хотел тишина - Ојдур Ава Олафсдотир

 

Одбивна среќа - Гиљермо Мартинес

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Што би се случило ако погледнеме подалеку од видливото?
Неодолива збирка од 11 раскази со семејна, еротска, фантастична и хорор тематика. Гиљермо Мартинес балансира на работ помеѓу разумноста и лудилото, помеѓу фаталноста и случајноста, помеѓу соништата и кошмарите, нè запознава со духовната бездна на неговите ликови, кои се соочуваат со необични, дури и екстремни ситуации.

Читај повеќе: Одбивна среќа - Гиљермо Мартинес

   

Страница 19 од 65

Сподели на Facebook