Нови наслови

Заклучи ги сите врати - Рајли Сејгер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По низата несреќи што ги доживува, без пари и без живеалиште, младата Џулс Ларсен добива шанса да работи како станар чувар на еден од апартманите во „Бартоломеј“, една од најгламурозните згради во Њујорк. Таму не се дозволени гости. Не е дозволено зборување со богатите или славните станари. И тоа се само некои од правилата што Џулс треба да ги следи.

Читај повеќе: Заклучи ги сите врати - Рајли Сејгер

 

Свекрва - Сели Хепворд

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Фасцинантен роман полн со пресврти за сложениот однос меѓу една жена и нејзината свекрва, однос што завршува со убиство…
Од моментот кога Луси ја запознава мајката на својот сопруг, знае дека не е жена каква што Дијана посакувала за својот совршен син. Иако е извонредно учтива, пријателски настроена и секогаш великодушна, Дијана ја држи Луси на дистанца, и покрај очајничките обиди на снаата да се зближат.

Читај повеќе: Свекрва - Сели Хепворд

   

Затворениот ковчег - Софи Хана

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Леди Ателинда Плејфорд е една од омилените авторки на книги за деца. Таа приредува забава на својот имот. Тоа не е обичен собир. Додека гостите пристигнуваат, леди Плејфорд го повикува својот адвокат за да го измени тестаментот и сето тоа да го соопшти во текот на вечерта. Одлучува да ги лиши сопствените деца од сè, а целото богатство да му го остави на некој кому му остануваат сè на сè неколку недели живот.

Читај повеќе: Затворениот ковчег - Софи Хана

 

Убиства со монограм - Софи Хана

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Нов роман за Херкул Поаро – ново таинствено убиство што може да го реши само брилијантниот белгиски детектив.
„Јас сум мртва жена, или ќе бидам наскоро...“
Мирната вечера на Херкул Поаро во едно лондонско кафуле ја прекинува непозната жена што му се доверува дека наскоро ќе биде убиена. Иако видно уплашена, таа го моли Поаро да не го бара нејзиниот убиец бидејќи со нејзината смрт правдата ќе биде задоволена.

Читај повеќе: Убиства со монограм - Софи Хана

   

Мистеријата на трите четвртини - Софи Хана

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Уште една ингениозно заплеткана мистерија што може да ја реши само генијалниот ум на славниот белгиски детектив. Враќајќи се од ручек Херкул Поаро еден ден пред својот дом затекнува налутена и бесна жена. Инсистира Поаро да ѝ објасни зошто ѝ испратил писмо во кое ја обвинува за убиство на извесен Барнабас Панди, човек за кого таа ниту слушнала ниту го видела претходно.

Читај повеќе: Мистеријата на трите четвртини - Софи Хана

 

Солзите на Афродита - Хана Филдинг

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во најновиот роман на Хана Филдинг, млада жена- археолог патува на далечниот остров Хелиос, каде што се заплеткува во мрежата на мрачна опсесија, таинственост и на заведување.
Во античка Грција, една од дванаесетте мачни задачи на Херкул била да го врати златното јаболко од Градината на хесперидите. Тоа што добива можност да стане дел од тимот грчки нуркачи на островот Хелиос, на археологот Ориел Андерсон ѝ се чини како да го освоила златното јаболко на нејзините сништа.

Читај повеќе: Солзите на Афродита - Хана Филдинг

   

Страница 20 од 65

Сподели на Facebook