Нови наслови

Едно лето на Крит - Анде Јанков

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Марина и нејзиното момче Филип одлучуваат својот одмор ова лето да го поминат на грчкиот остров Крит на гости кај блиски роднини на Марина. Елена, тетката на Марина, треба да ги пречека на автобуската станица во Хања.
Прекрасната идила што ги очекува на островот е прекината поради ситна караница на станицата предизвикана од Филип, кој во момент на фрустрација ја остава својата девојка сама.

Читај повеќе: Едно лето на Крит - Анде Јанков

 

Мали тајни - Џенифер Хилиер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Марин има совршен живот. Омажена за својата љубов од факултетските денови, таа е сопственичка на синџир елитни фризерски салони, додека сопругот Дерек управува со сопствена компанија. Тие се почитувани членови во својата заедница и семејство полно со љубов. Сè додека не им се распадне светот дента кога е киднапиран нивниот син Себастијан.

Читај повеќе: Мали тајни - Џенифер Хилиер

   

Островот на пеликаните - Миодраг Мајиќ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Уште една крими-драма што е сосем поинаква од која било книга од тој жанр.
Дејството ги следи судбините на двајца млади Роми, кои по игра на случајноста завршуваат во судница и доживуваат пресуда што отвора низа настани што никој не би можел да ги замисли.
Приказната за Ајша и Габриел, за Павле и Јована, е приказна за џелатите што стануваат жртви и жртвите што стануваат џелати на сопствената судбина. Тоа може да се претвори во сечија приказна, но уште веднаш се однесува на секого од нас.

Читај повеќе: Островот на пеликаните - Миодраг Мајиќ

 

Крикот на ластовицата - Ахмет Умит

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Книгата го поставува прашањето:
Дали е поопасен сериски убиец што убива педофили или е поопасен човек што, додека во светот се случуваат вакви нешта, ја гледа само својата удобност и останува рамнодушен?Цел на серискиот убиец Мижачот се педофилите. Секогаш ги убива со ист ритуал. Ги носи силувачите на места што се поврзани со деца и покрај нив остава играчка. Покрај тоа, им ги врзува очите со кадифен превез и им пресекува дел од десното уво.

Читај повеќе: Крикот на ластовицата - Ахмет Умит

   

Часовничарот - Михаела Гашпар

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Секоја вечер, додека ги закопчува пижамите и се поздравува со сопствениот одраз во огледалото, главниот лик на овој роман, Јосип Мајдак, се подготвува за својата смрт. Секоја вечер се одвиваат и нашите генерални проби на умирањето, во кои, исто како него, легнуваме со надеж дека утрото сепак ќе станеме. Кога ќе ја положиме главата на перница – без разлика дали таа е со пердуви или анатомска, она што дише покрај нас, онаа нејасна присутност што останува кога ќе се изгасат и светлата и сенките, е нашата совест.

Читај повеќе: Часовничарот - Михаела Гашпар

 

Град од пареа - Карлос Руиз Зафон

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„ Град од пареа “ претставува колекција од 11 приказни издадени постхумно во чест на прерано починатиот автор Карлос Руиз Зафон. Овие приказни навлегуваат во ликовите и заплетите, кои ќе им бидат познати на читателите од Зафоновата тетралогија од "Ризницата на заборавените книги“. Така, меѓу овие приказни ќе сретнете: момче кое решава да стане писател кога открива дека неговите фантазии го поттикнуваат вниманието на едно девојче кое го заробило неговото срце.

Читај повеќе: Град од пареа - Карлос Руиз Зафон

   

Страница 3 од 65

Сподели на Facebook