Нови наслови

„Булеварот на независноста“ - Кшиштоф Варга

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Квалитетните приказни, барем оние според хичкоковските шеми, треба да почнат со експлозија, во буквална смисла на зборот, а потоа да нè држат во напнатост до крајот. Книгата на Полјакот Варга е токму таква. „Булеварот на Независноста“ (2010), започнува со она што за повеќето романи би означувало крај – со смртта на главниот јунак, а потоа нè води низ екстатично и сатирично дејство.

Читај повеќе: „Булеварот на независноста“ - Кшиштоф Варга

 

„Девојчето што премногу си сакаше ќибритчињата“ - Гаетан Суси

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Живеејќи со својот авторитарен татко на еден огромен имот каде што времето одамна сопрело, две деца живеат во некој свој надреален свет, инспириран од читање филозофски дела и витешки приказни. Кога го наоѓаат таткото мртов, сестрата го остава братот и тргнува да купи ковчег во блиското село.

Читај повеќе: „Девојчето што премногу си сакаше ќибритчињата“ - Гаетан Суси

   

„Брик Лејн“ - Моника Али

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Откако ќе се омажи со Чану, 20 години постар од неа, Назнин е одведена во Лондон, напуштајќи го својот дом во Бангладеш. Новиот свет е полн со тајни. Како добра и послушна муслиманка, се обидува да не поставува многу прашања, туку да се грижи за сопругот и за ќерките. Но ненадејно сретнува привлечен млад човек, и ова еротско будење ги претвора нејзините претходни навики во хаос. Привидот на животниот мир ќе го скрши токму Карим, кои ќе и` наметне бројни дилеми за личните желби и за припадноста во општеството, ќе и ги отвори очите, но она што на крајот ќе го види, ќе ги изненади двајцата.

Читај повеќе: „Брик Лејн“ - Моника Али

 

„Домот во кој“ - Маријам Петросјан

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Едно момче ќе биде одведено во дом за деца со посебни потреби. Наеднаш пред него ќе се отвори сосем нов свет со сопствени ликови и со правила на однесување, толку различни од „обичниот“ свет. Децата се доведени таму од своите родители и заборавени. Сепак, нивната детска фантазија и игри не може никој да им ги одземе.

Читај повеќе: „Домот во кој“ - Маријам Петросјан

   

„Бившиот тапанар“ - Херман Бриселманс

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Херман Бриселманс е еден од најпродаваните белгиски писатели. Во неговите книги има многу автобиографски елементи. Алкохолот, сексот, досадата, се теми со кои се занимава во своите дела. Неговата популарност почива и на огромното медиумско експонирање. Имал свое тв-шоу и редовна колумна во весник поради која неколкупати е даван на суд. Поседува свој фудбалски клуб.

Читај повеќе: „Бившиот тапанар“ - Херман Бриселманс

 

„Дланка полна бои“ - Сучен Кристин Лим

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Романот е прв добитник на Сингапурската книжевна награда во 1992 година. Преводот на македонски е на Николче Мицкоски. Oва е само втора книга од сингапурски автор, објавена во Република Македонија.
„Дланка полна бои“ е повеќеслоен роман што истражува 80 години од историјата на Сингапур преку еден ден од животот на Сувен, млада професорка што се труди да се пронајде себеси како личност и како уметник.

Читај повеќе: „Дланка полна бои“ - Сучен Кристин Лим

   

Страница 60 од 65

Сподели на Facebook