Нови наслови

Уметницата со кана - Алка Џоши

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Живописен и заразен приказ на битката на една жена да се реализира себеси во општество кое е на раб меѓу традиционалното и модерното; Уметницата со кана отвора врата од свет кој е подеднакво раскошен и фасцинантен, колку што е мрачен и злобен.
По бегството од насилен брак, седумнаесетгодишната Лакшми се упатува во вибрантниот, розов град Џајпур. Таму станува најбараната уметница со кана, но и најголемата чуварка на тајни на најбогатите жени од високата класа.

Читај повеќе: Уметницата со кана - Алка Џоши

 

Љубовно романче - Емили Хенри

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Една писателка на романси која повеќе не верува во љубов и еден писател на сериозни книжевни дела кој има писателска блокада се впуштаат во летен предизвик кој може да ги промени сите нивни досегашни верувања. Август Еверет е познат автор на интелектуална книжевна фикција. Јануари Ендрус е авторка на романси бестселери – или, според него, на „љубовни романчиња“. Додека таа везе среќни краеви, тој ги „убива“ сите главни ликови во своите книги.

Читај повеќе: Љубовно романче - Емили Хенри

   

Школа за извонредност - Луис Хаус

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Кога поради сериозна повреда останува без работа и практично живее на каучот на сестра му, познатиот професионален рагбист Луис Хаус сфаќа дека мора да направи некоја промена во животот. Почнува да контактира со луѓе на кои им се воодушевува, во потрага по ментори, а и да ги применува советите на старите тренери, пренасочувајќи ги од спортот директно во животот. И успева да изгради мултимилионски онлајн бизнис.
Во Школа за извонредност, Хаус ги споделува најважните совети и навики на голем број извонредни луѓе, сѐ што дознал од нив за тоа како да се живее извонреден живот.

Читај повеќе: Школа за извонредност - Луис Хаус

 

Еден незаборавен Божиќ - Лиса Клејпас

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

За време на божиќните празници во Лондон, Рејф Боуман пристигнува од Америка поради договорената средба со Натали Бландфорд, ќерката на леди и лорд Бландфорд, која е прекрасна и совршена, односно, соодветна сопруга за него.
Неговиот занесно добар изглед и импресивната фигура се повеќе од доволни за да ја импресионираат дамата која го чека – да не беше неговиот шокантен, американски начин на живот, нивниот брак ќе беше загарантиран.

Читај повеќе: Еден незаборавен Божиќ - Лиса Клејпас

   

Страв од летање на 7А - Себастијан Фицек

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Постои смртоносно оружје што може да ја помине секоја гранична контрола. Ниеден контролор на светот не може да го види.
Искусниот и успешен психијатар Мат Кругер е на ноќниот лет за Берлин. Тој мора да го надмине својот паничен страв од летање затоа што едвај чека да ја види својата трудна ќерка, која ја нема видено многу долго време. Посетува дури и семинар за надминување на стравот од летање, но брзо по качувањето во авионот сфаќа дека се подготвувал за погрешни стравови.

Читај повеќе: Страв од летање на 7А - Себастијан Фицек

 

Шума на спомените - Сем Лојд

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Застрашувачки трилер за грабната девојка, момче кое може да ја спаси и фаталната игра на измама и предавство што тие ја играат. Илајџа живее во Шумата на спомените откако знае за себе. Тоа е единствениот дом што тој некогаш го имал. Елиса тукушто пристигнува. Tаа би сторила сѐ што може само за да побегне. Кога Илајџа налетува на тринаесетгодишната Елиса во шумата каде што нејзиниот киднапер ја крие, тој одбива да ја извести полицијата. Илајџа немал вистински пријател никогаш во неговите дванаесет години.

Читај повеќе: Шума на спомените - Сем Лојд

   

Страница 7 од 65

Сподели на Facebook