Нови наслови

„Земја на љубовта“ - Одни Еир

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Земја на љубовта“ од исландската писателка Одни Еир. Романот е добитник на Наградата за литература на Европската Унија во 2014 година и седум недели бил на листата на најпродавани книги.
„Земја на љубовта“ е напишан во форма на дневник и опишува период од животот на главната хероина во кој таа е задлабочена во потрагата по место каде што припаѓа и каде што би се удомила.

Читај повеќе: „Земја на љубовта“ - Одни Еир

 

„Отело, Арапинот на Валона“ - Бен Бљуши

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Главниот лик во романот, Отело, доаѓа од пустината. И тој е црнец како и Шекспировиот Отело. Купен на пазарот на робови од венецијанското семејство Контарини, инаку потомци на Марко Поло, Отело се вљубува во девојчето што го зема за да си игра со него, Дездемона, помалата ќерка на семејството Контарини. Отело подоцна судбината ќе го однесе во Валона, каде што ќе помине цели десет години, период во кој доживува страшни моменти, а завршува и во затвор.

Читај повеќе: „Отело, Арапинот на Валона“ - Бен Бљуши

   

„Свршеничката на Бруно Шулц“ - Агата Тушињска

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Своевидна биографија на Бруно Шулц и прекрасна приказна за љубовта, поразите и за уметноста, која уште еднаш се покажува помоќна од смртта.
На плоштадот во Дрохобич, на 19 ноември 1942 година бил стрелан Бруно Шулц. Неколку години подоцна, неговите книги стануваат дела од епохално значење во светската книжевност.

Читај повеќе: „Свршеничката на Бруно Шулц“ - Агата Тушињска

 

Наскоро пристигнува во нашата библиотека

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

https://kultura.com.mk/6-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-pred-da-ja-prochitate-novata-kniga-na-den-braun/

   

„Жедниот“ - Абелардо Кастилјо

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Жедниот е истовремено убава и болна книга што раскажува за свет што се граничи со лудилото на алкохолизмот и неговиот пекол. Ова е сурово дело што ги истражува границите на човековата деградација преку психофизичкото уништување што алкохолот го носи со себе. Како да се бориме против оваа неугаслива жед што ништо не признава? Ова прашање го прогонува Естебан Еспосито, писател-алкохоличар, во неговата луцидна и пијана перцепција на реалноста. Губењето на сеќавањето и на чувството за време и за простор, од кое страда тој, формира роман што потсетува на стилот на пишување на другите алкохоличари-писатели како Жерар де Нервал, Дилан Томас, Едгар Алан По и Малколм Лаури.
Абелардо Кастилјо го нарекуваат „еден од најголемите раскажувачи на нашето време“.

 

„Седумтемина луди“ - Роберто Арлт

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Седумтемина луди“ е жестока антиутопија, во која вистината и фантазијата си ги заменуваат местата. Мрачното дело на Арлт ја претскажува политичката иднина на Аргентина 15 години пред некој воопшто да слушне за Хуан Перон.
Груба, брутална, колоквијална и надреална книга, во која главниот лик, очаен поради постојан недостиг на пари и на перспективи, се приклучува на едно тајно друштво што сака да го смени општествениот поредок преку сурова и ужасувачка социјална револуција осмислена од еден од најмоќните ликови во аргентинската литература, Астрологот.

Читај повеќе: „Седумтемина луди“ - Роберто Арлт

   

Страница 61 од 65

Сподели на Facebook