Нови наслови

„Се спушта самрак“ - Александар Чудаков

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На границата помеѓу Сибир и Казахстан е притаен еден малечок град што некој од врвот на власта го прогласил за зафрлено место погодно за прогонство на неподобните граѓани. Меѓутоа, градот, кој во романот се нарекува Чебачинск, е вистинска оаза. Tолкаво количество интелигенција на единица површина во 50-тите и во 60-тите години на минатиот век немало ниту во Москва, Париз или во Бостон.

Читај повеќе: „Се спушта самрак“ - Александар Чудаков

 

„После тебе“ - Џоџо Мојес

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Лу Кларк има многу прашања. Како заврши да работи во еден бар на аеродромот, гледајќи како луѓето со авион заминуваат на нови места. Или зошто станот кој е во нејзина сопственост сè уште не го чувствува за свој дом. Дали нејзиното семејство може да ѝ прости за она што таа го направи пред осумнаесет месеци. И дали некогаш ќе ја запознае љубовта на неј зиниот живот.
Она што Лу знае за сигурно е дека нешто мора да промени.

   

„Кој се плаши од волкот“ - Карин Фосум

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Едно 12-годишно детенце влетува во локалната полициска станица, тврдејќи дека видело труп во некоја зафрлена куќичка во шумата. Инспекторот Сејер повторно треба да ги засука ракавите и да тргне во потрага по убиецот на жената што живеела сама среде планината.
Ерки Јорма, пребегнат пациент од психијатриската болница, е виден истиот ден на тоа место, пред целосно да исчезне меѓу дрвјата.
Следното утро се случува вооружен грабеж на банка во блискиот град. Пиштолџијата зема еден заложник и бега. Бидејќи неговите планови почнуваат да се рушат, за разлика од смирениот заробеник, тој почнува да ја губи контролата.
Во меѓувреме, потрагата по убиецот станува потрага по главата на еден човек – сите го бараат мистериозниот Ерки.

 

„Човекот што не сакаше да биде погребан“ – Рашида Ламрабет

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Романот е раскажан од клаустрофобичниот простор на комората во една мртовечница. Оттаму го слушаме единствено гласот на затворениот Монциф, кој полека но сигурно нè води до поентата како стигнал во нелагодата ситуација да ја исполнува желбата на „човекот што не сакал да биде погребан“.
„Непријатностите на главниот лик, истекуваат од страниците на книгата. Судирот со неговиот татко е шокантно директен и неверојатно препознатлив. Роман за тешкотиите при наоѓањето на сопственото место во општеството. Ламрабет знае да гради приказна. Владее со уметноста на зграпчување на читателот за врат.“
Гус Бауер, Стандард

   

„Зарем плачеше“ – Даче Рукшане

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Приказната на романот е фокусирана на една седумнаесетгодишна девојка. Катерина ги раскажува своите авантури патувајќи во Советскиот Сојуз, искачувањето планини, семејните односи. Вината истекува од страниците на романот на младата латвиска писателка Даче Рукшне, како ритмичко повторување на мотивот, дури и како песна која претставува чувства, навистина силни чувства. Дали е тоа типично латвиски? Или можеби, типично за ликот на Катрина, која се изложува на животот со цела беспоштедност, но веројатно и - бесцелно.
Даче Рукшане (родена 1969) е латвиска писателка. Ќерка е на Јана Рукшана, активистка во „пејачката револуција“ на Балтикот. Студирала биологија и медицина. Во своите книги ги отвора прашањата на женската сексуалност, поради што станала „секс гуру“ во Латвија. Авторка е на неколку филмски сценарија. Пишува колумни. Хоби ѝ е „набљудување на птиците“.

 

„Крајот на приказната“ – Лилијана Екер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ова е приказна на две жени: револуционерна милитантка која се постава во служба на каузатата и една надежна писателка која има намера да ја испише кошмарната стварност на својата генерација. Оваа книга е синоним на жената како бунтовник. Од една страна е жената-борец која реално и ангажирано оди наспроти системот и политиките на својата држава, а на друга страна жена-творец која од историјата на своето време и од приказните на своите претходници, го крева гласот на борба против неправдите.
Лилијана Екер е аргентинска писателка. Дебитирала на 17 години со поддршка на Абелардо Кастилјо. Студирала физика. Редовно учествува во јавните културни дебати и полемики во последните неколку децении. Била мошне блиска пријателка на Хулио Кортасар.

   

Страница 62 од 65

Сподели на Facebook