Нови наслови

„Што да сторам кога се гори“ – Антонио Лобо Антунес

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Лобо Антунес навлегува во непознатиот свет на трансвеститите, хомосексуалноста, дрогите и на алкохолот за да ни ја раскаже приказната на едно семејство полно со конфликти, и тоа преку сеќавањата на Пауло, момче што растело под туторството на таткото-трансвестит и на мајката-алкохоличарка. Неговиот живот се одвива на улиците на еден сиромашен кварт во Лисабон, каде што ја набавува дрогата што му помага да избега од реалноста, и во психијатрискиот центар, каде што лекарите се обидуваат да го вратат во живот. Насловот на книгата е стих од ренесансниот поет Са де Миранда, кој во денешно време се чини најактуелен досега. Антунес вели дека по овој роман има желба да напише само уште две книги.

 

„Спиј“ – Анелис Вербеке

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Маја страда од несоница. Пробува сè и сешто за да дремне барем малку. Советите од пријатели и од стручни лица не помагаат. Терапиите преку ШопЧанел и курсевите, исто така. Кога партнерот ја остава, бидејќи покрај неа веќе не се издржува, таа ја губи контролата врз себе. Ноќе фрустрирано буди други луѓе... Сè додека на едно од своите полноќни талкања, не ја сретне сродната душа, Беноа. Тоа е почеток на чудна врска. Затоа што, додека таа живее во сегашноста, тој повеќе сака да се наврати на времето што веќе поминало...
Oд книгата само во Белгија и во Холандија се продадени 75 000 примероци, а досега е преведена во 22 земји.

   

„Куќа од хартија“ – Карлос Марија Домингес

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Приказната е раскажана од страна на еден професор во Кембриџ. Негова колешка само што загинала во сообраќајна несреќа, а тој по пошта добива книга потпишана од неа. Заинтригиран од оваа необична пратка, започнува потрага која го води до Јужна Америка.

 

„Љубовникот“ – Џоџо Мојес

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Четириесет години подоцна, Ели Хејворт открива писмо во Архивата на новинската куќа и е вовлечена во потрагата по разоткривање на двајца љубовници – Џени-фер Стирлинг и анонимниот г-дин Б. Испишувањето на страниците со случки од мина-тото и од сегашноста Џоџо Мојес го користи за да создаде тензија и претпоставка, не обезбедувајќи одговори сè до самиот крај на романот.
Дали Џоџо Мојес конечно дава одговор на праша-њето: Кој е анонимниот љубовник со потпис „Б“?

Читај повеќе: „Љубовникот“ – Џоџо Мојес

   

„Петте годишни времиња на љубовта“ – Жоао Алмино

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Портрет на 55-годишната Ана чиј живот не е таков каков што очекувала и чии некогаш храбри соништа се претвориле со полувистини, грешки, фрустрации. За да го исполни аманетот што го дала за време на студентските денови, организира забава по повод новиот милениум. Како што се појавуваат старите пријатели и како што се доближува одбројувањето до новиот век, минатото на Ана претрпува неочекувани промени...

Читај повеќе: „Петте годишни времиња на љубовта“ – Жоао Алмино

 

„Слепиот убиец“ – Маргарет Атвуд

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

„Десет дена откако заврши војната, сестра ми Лора се истумба со колата од еден мост“. По повеќе од педесет години, Ајрис Чејс се сеќава на мистериозната смрт на Лора. Така започнува воодушевувачката и несекојдневна приказна на двете сестри и нивните тајни. Поставена во панорамска заднина на историјата на XX век, Слепиот убиец е епска приказна за спомените, интригата, предавството.
Списанието Тајм  го прогласи за најдобриот роман во 2000 и го стави на листата на 100 најголеми романи на англиски од 1923 година наваму.

   

Страница 63 од 65

Сподели на Facebook