Нови наслови

„Смртта вози Ауди“ – Кристијан Банг Фос

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Херојот на овој роман работи во маркетинг-агенција и живее со Сара и со нејзината ќерка. Еден ден добива задача да направи постер, но бидејќи нема време да користи оригинална фотографија, „позајмува“, и тоа од интернет. Излегува дека е тоа лоша идеја. Ги губи работата и девојката, почнува да пие, не оди на интервјуа за работа и наскоро банкротира.

Читај повеќе: „Смртта вози Ауди“ – Кристијан Банг Фос

 

„Холандска девица“ – Маренте де Мор

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Добро е, доаѓа лето и 18-годишната Јана треба да тргне сама на енигматично патување во Германија. Татко ѝ ја испраќа кај Егон фон Бетихер, кој треба да ја научи да мечува. Егон е мисериозна личност, но и магнетичен шармер. И Јана едноставно не може да одолее.
Но оваа прекрасна книга не е само книга за љубовта и за губењето на невиноста.
Лошо е што сме во 1936 година. Пред Јана се отвора светoт на возрасните, полн со прашања и со спротивности.

Читај повеќе: „Холандска девица“ – Маренте де Мор

   

“Творецот на ангелите“ - Стефан Брејс

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Творецот на ангелите е книга во која се мешаат науката, секојдневните трачеви, религијата, доброто и злото, како и човековата потрега по вечниот живот. Читаме различни книги во текот на животот, но малку се такви кои оставаат толку силен впечаток што ќе ги паметиме засекогаш. Творецот на ангелите е таква ретка книга, наградена со многу престижни признанија, меѓу кои и Златен був, награда која се доделува еднаш во пет години.
Досега е преведена на повеќе од 15 јазици и во Белгија има стигнато до 39-то издание со над 175000 продадени копии. Наскоро почнува и снимањето на истоимениот филм.

 

 

„Волчја доба“ – Андрус Тапинас

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Романот е дел од идна серија книги сместени пред Втората светска војна во Источна Европа, испреплетени со натприродни елементи во рамките на вообичаените тензии помеѓу етничките групи и империи, особено на Германците и Русите. Во сценариото кое се врти околу тајниот еврејски заговор да ги контролираат настаните во светот, Тапинас претставува високотехнолошки, поствикторијански Вилнус поврзан со Прага преку суштествата голем и нивните магови. Градот Вилнус е запоседнат од Козаците и од Прусите, и е под закана на еден бионички, железен волк.
Волчја доба е првата „стимпанк“ книга во Литванија, која 20 недели се наоѓала во топ-10 бестселери.

   

„Zero, zero, zero“ - Роберто Савијано

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во романот„ Зеро Зеро Зеро“ Савијано отворено раскажува за влијанието на кокаинот во модерниот свет, почнувајќи од глобалната економија до приватните животи на луѓето околу нас. Авторот вниманието го насочува кон патот низ кој минува кокаинот, поврзувајќи го како дел од модерната економија.
При читањето на книгата се добива чувство дека читате студија во која до најситен детаљ се опишани различни пресметки меѓу членови на мафијата, но сепак на крајот сфаќате дека длабоко сте навлечени во едно сведоштво поради кое засекогаш ќе го промените мислењето за светот околу вас.

Читај повеќе: „Zero, zero, zero“ - Роберто Савијано

 

„Баксузи“ – Димитри Верхулст

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во Баксузи писателот се враќа на своето родно место, каде организираат бурлексна манифестација, Тур де Франс на пијаниците. Се запознаеме со татко му, Пјер, кој во поштенска торба на велосипедот го носи своето тукушто родено синче по сите кафулиња за да им го покаже на своите пријатели. Да не ги заборавиме и неговите мрзливи чичковци, за кои светското првенство во чашкомет е највисоката цел, а нивото мото е „Денот е пред нас, а ние се трудиме да го потрошиме“. Баксузи е моќна трагикомична ода на безделништвото во најекстремната форма, а истовремено и смешно претставување на младоста. Верхулст е моќен стилист, кој со чувството за динамика и наративна сила, го задржува интересот на читателите од првата до последната страница.

Читај повеќе: „Баксузи“ – Димитри Верхулст

   

Страница 64 од 65

Сподели на Facebook