Нови наслови

Убиецот со распетието - Крис Картер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Пронаоѓањето на телото на млада жена во една пуста колиба среде шума во Лос Анџелес го враќа детективот Роберт Хантер во еден страшен стар кошмар. Жртвата е пронајдена гола, закачена за две паралелни дрвени штици и очигледно е дека била садистички мачена пред исклучително болната смрт.
Некој ѝ ја одрал целата кожа од лицето – и тоа додека сѐ уште била жива. На задниот дел од нејзиниот врат е врежан чуден двоен крст: заштитен знак на психопат познат како Убиецот со распетието.

Читај повеќе: Убиецот со распетието - Крис Картер

 

Случајот Чернобог - Катерина Шошко

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На почетокот на 1980-тите младите психијатри Јан Леви и Татјана Фауст добиваат задача да напишат теза за феноменот Елеонора Чернобог, случај што со децении неуспешно се провлекувал по психијатриски установи и за кој ниеден психијатар не успеал да постави вистинска дијагноза. Денот кога стигнуваат во поправниот дом каде што Елеонора е оставена од родителите е денот кога животите на тројцата се менуваат.

Читај повеќе: Случајот Чернобог - Катерина Шошко

   

Скриени желби, немирни патувања - Владимир Јанковски

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се вкрстуваат приказните на педесетина луѓе од различни географски меридијани.
Книгата претставува микс од приказни, преплетени и вмрежени меѓу себе, доловени со многу детали, хаику-моменти, филмски секвенции, духовни епифании.

Читај повеќе: Скриени желби, немирни патувања - Владимир Јанковски

 

Разговори во Париз - Бранка Богавац

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Пред диктафонот на црногорската новинарка Бранка Богавац, која веќе неколку децении живее во Париз, имаат седнато најзначајните писатели од втората половина на XX и од почетокот на XXI век. Обидувајќи се низ разговорите со нив да направи нивни портрети, таа креирала и слика на епохата. Отсекогаш сме сакале да дознаеме што повеќе за најголемите автори. Современи класици, нобеловци, влијателни мислители и исклучителни креативци што оставиле огромна трага во литературата и надвор од неа се распостилаат себеси во овие исклучителни дијалошки профили.

Читај повеќе: Разговори во Париз - Бранка Богавац

   

Убиствата во Кингфишер хил - Софи Хана

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Фантастичен сплет од мистерии, дисфункционални семејни односи, морбидност и неизвесност – совршениот рецепт што ќе ве натера да го прочитате романов во еден здив! Херкул Поаро патува со луксузен пајтон до елитниот имот Кингфишер хил. Тој и неговиот верен придружник, инспектор Кечпул, се најмени од Ричард Девонпорт да го истражат убиството на неговиот брат Френк и да докажат дека неговата свршеница Хелен е неправедно осудена за убиството.

Читај повеќе: Убиствата во Кингфишер хил - Софи Хана

 

Спокојството е клучот - Рајан Холидеј

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Како да постигнеме успех во еден свет во кој сè бега надвор од контрола и во кој често пати се соочуваме со непријатности? Сите големи лидери, философи, уметници, спортисти и визионери имаат една заедничка карактеристика. Онаа што им овозможува да го скротат својот гнев. Да ја избегнат деконцентрацијата и да ги прошират своите хоризонти. Рајан Холидеј ја нарекува спокојство. Тој се задржува на будистичката и на стоичката философија за да покаже зошто човек треба да се движи пополека за да ги оствари своите цели.

Читај повеќе: Спокојството е клучот - Рајан Холидеј

   

Страница 8 од 65

Сподели на Facebook