Нови наслови

Децата на Волга - Гузел Јахина

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во далечините на степата по долниот тек на Волга уште во осумнаесеттиот век се населиле Германци. Годината е 1916, а Јакоб Бах е руски Германец што работи како учител во малото село Гнадентал. Тој одамна се повлекол од светот, се грижи за својата единствена ќерка Анче на осамен селски имот и пишува волшебни приказни што на чудесен и трагичен начин се остваруваат во стварноста. Но животот одеднаш му се променува кога ќе се вљуби во Клара, ќерка на селанец од другиот брег на Волга.

Читај повеќе: Децата на Волга - Гузел Јахина

 

Едем - Станислав Лем

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Напишан во 1958 година, „Едем“ ја отвора зрелата епоха во творештвото на Лем од жанрот на научната фантастика.
Експедиција од Земјата поради погрешни пресметки доживува судир со атмосферата и принудно слетува на планетата Едем, при што ракетата се разбива, а екипажот преживува. Жителите на оваа планета создале цивилизација базирана врз биоинженеринг. Генетската контрола сепак се покажала недоволно прецизна. Земјаните се појавуваат во момент кога на планетата се одвива акција на екстерминација.

Читај повеќе: Едем - Станислав Лем

   

Убиството на командантот - Харуки Мураками

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Неверојатна книга за љубовта и осаменоста, војната и уметноста – уште едно ремек-дело на еден од најголемите современи писатели
По разделбата со сопругата, триесет и нештогодишниот сликар одлучува да оди да живее на планина во куќата на еден познат уметник, татко на негов пријател. Деновите му поминуваат во сликање, готвење, слушање музика на грамофонот и пиење чаша виски навечер.

Читај повеќе: Убиството на командантот - Харуки Мураками

 

Еден од нас лаже - Карен М. Мекманус

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Можете ли да го откриете убиецот?
На дополнителна настава како казна затоа што носеле мобилни телефони на часот се повикани петмина ученици: паметната и вредна Бронвин која треба да го продолжи школувањето на Јејл; Ади, типична убавица и совршена девојка на Џејк; Купер, играч на бејзбол со голема спортска кариера на повидик; младиот престапник Нејт кој е на условна казна и Сајмон, одметник и основач на блог во кој ги открива тајните на своите соученици.

Читај повеќе: Еден од нас лаже - Карен М. Мекманус

   

Фондација - Исак Асимов

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ремек-дело на научната фантастика, серијалот Фондација на Исак Асимов е ненадминат според уникатната комбинација на непрекината акција, смели идеи и екстензивно градење на светот. Приказната за нашата иднина почнува со историјата на Фондацијата и нејзиниот најголем психоисторичар, Хари Селдон. Цели дванаесет илјади години Галактичката Империја била неприкосновен владател. Таа сега умира.
Само Хари Селдон, творец на револуционерната наука психоисторија, може да ја види иднината – мрачен период на незнаење, варварство и војни што ќе трае триесет илјади години.

Читај повеќе: Фондација - Исак Асимов

 

Будење на свеста - Катерина Ангеловска, Радован Витошевиќ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Будење на свеста“ е патување во потрага по вистината, и тоа не која било вистина, туку вашата лична вистина. Личната духовна трансформација ни дава можност да ги препознаеме и освестиме нашите парадигми, верувања и вредности. Оваа книга е авантура која е испреплетена со универзални знаења, кои ќе ви овозможат вистински да се спознаете себеси, да се разбудите и свесно да создавате.

Читај повеќе: Будење на свеста - Катерина Ангеловска, Радован Витошевиќ

   

Страница 9 од 65

Сподели на Facebook